Како може со мали депозити да креираш богатсво

Ако сте задолжени и веќе сте го започнале процесот на враќење на долгот веќе сте на патот на слободните луѓе , тогаш без сомнеж веќе имаш креирано план и имаш буџет за контрола на својата потрошувачка. Епа сега е време да започнеш со штедење. Треба да мислиш на заштедата не само како добра работа што треба да се направи, туку одговорност спрема себе. Ако се потпираш на државата да се грижи за тебе, или планираш државата да те пензионира и социјално да те осигура, се плашам дека треба да те разбудам. Ти треба да заштедиш пари со цел да си ја обезбедиш својата финансиска иднина.

Вообичаениот приговорот што го добивам во овој момент е: "Ма какво штедење , јас со мојава плата можам само да платим сметки и за храна?" Заштедата може да изгледа како невозможна задача во моментов. Но, можам да те уверам дека ако не започнеш да штедиш, никогаш нема да се извлечиш од долговите и никогаш нема да го изградиш богатството што го сонуваш.

Почни со мали заштеди, но битно е мора да се почне.
Направи буџет и план за трошење, да запишеш каде ќе ти одат парите и додади уште една ставка “заштеда”. Ова ставка заштеда во списокот ќе ја ставиш на прво место таму горе на врвот на твојот потрошувачки план дури и пред киријата и комуналните обврски . Ова е она што постарите ми велеа прво ќе си платиш за себе па потоа за другите.

Твојата цел треба да биде да заштедиш не помалку од 10% од твојот приход. На почеток може и да не биде можно. Но битно е да почнеш дури и ако тоа е само заштеда 1% од приходот. Следно ќе ги испиташ твоите потрошувачки навики од поблиску и да видаш дали има нешто друго што може да се намали со цел да ја зголемиш заштедената сума. Наместо да купиш доручек на работа да си спремиш од дома или наместо да го пиеш кафето во кафич да ги викнеш пријателите дома,одење на работа со велосипед и слично.
Но ако навистина трошоците и кредитите се нож до коска , види дали постои нешто што може да се направи за да се зголемат приходите.

Бидете креативни. Сигурен сум дека со малку размислување и напор може да најдеш начин да ги зголемиш твоите заштеди до 10%. Ако ти е тешко да ги тргнеш парите ,тогаш ќе одиш во банка и ќе ги овластиш да ти тргнат10% од платата автоматски на друга сметка или штедна книшка пред да ги видиш парите, тоа е добар потек дел од платата дирекно да оди во заштеда
Во што можат да прераснат редовни мали уплати? Ако инвестираш само 2000ден.месечно во инвестициски фонд кој прави по 15% годишна добивка по 25 години заштедата(инвестицијата)ќе прерасне во 6.568.000ден или 107,000евра Ако инвестираш 3500ден месечно во инвестициски фонд кој прави по 15% годишна добивка по 25 години инвестицијата ќе прерасне во 11.494.258ден или 187,000евра. Дури и малите уплати може да ти направат богатсво добиени со текот на времето.

Без оглед на твоите цели за иднината подобро е да ги спасиш сега отколку да не ги реализираш никогаш
Не постои ништо поубаво како мир во умот кога ќе реализираш крупна цел како стан, школување дете , приватна пензија или состојбата кога имаш доволно пари кога нема повеќе стрес,нема повеќе грижи, нема повеќе долгови.

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Штедливите Македонци | Статија.мк

Штедливите Македонци | Статија.мк: "Штедливите Македонци
Штедливите Македонци

По дефиниција, штедењето претставува чување на материјални добра или пари како одреден облик на богатство преку одложување на потрошувачката на новоформираниот приход. Примарен мотив за одложување на потрошувачката е нејзино адекватно трошење во даден иден период. Штедењето претставува основен извор на создавање капитал, кој без практична апликација се сведува на тоа дека штедењето произведува само економски немотивиран капитал, односно на парите кои останале непотрошени им се ускратува инвестиционата моќ.

Кон крајот на 2009 година во печат излезе информација дека македонските граѓани се одлични штедачи и дека по глава на жител во Македонија има приближно 1.000 евра во форма на депозит во Македонските банки. Се обидов да направам анализа на база на овие податоци и да дојдам до сознание колку Македонците како народ ги користат другите форми на штедење и ги насочуваат своите заштеди во други финансиски продукти на македонскиот пазар. По направената анализа и истражување добив податок дека банките како финансиски институции се неприкосновени во споредба со новите и помалку познати финансиски продукти како хартиите од вредност (акции, обврзници, записи), инвестиционите фондови, полисите за животно осигурување и доброволните пензиски фондови. (Само за споредба, вложувањата во инвестиционите фондови изнесуваат помалку од 1 евро по глава на жител). Ваквата нерамномерна распростанетост на паричниот капитал на македонските граѓани укажува на тоа дека познавањето на останатите финансиски продукти е на многу ниско ниво и дека неинформираноста за карактеристиките на истите е главната пречка поради која граѓаните се држат до традиционалната форма на банкарско штедење и чување на парите под перница. Сите финансиски продукти имаат одредени предности и слабости кои ќе ги разгледаме во понатамошниот дел од тестот.

Орочен депозит во банка

Предности:
• При потешкотии во работењето на банката, државата гарантира за парите до одредена сума;
• Однапред позната каматна стапка.

Недостатоци:
• Трошоци при раскинување на договорот за штедење. Имено, доколку сакаме предвреме да го раскинеме договорот за штедење и да ги подигнеме средствата, банките најчесто наплатуваат одредени провизии, а истовремено ја губите и претходно очекуваната камата;
• Ниски камати кај временски пократките периоди на орочување на депозитот;
• Променливи каматни стапки. Каматата може да се промени во текот на штедењето, а поради договорот не можете да го прекинете штедењето без додатни трошоци;
• Опасност од девалвација на денарот (доколку депозитот е денарски).

Хартии од вредност се достапни за купување на Македонската Берза преку посредство на брокерска куќа, при што вие директно инвестирате во саканите хартии од вредност. Давањето на налози за купување и продавање на хартиите од вредност го правите вие самостојно, основано на ваша одлука ако имате доволно време, знаење и искуство да во континуитет го следите движењето на цените на акциите на пазарот на хартии од вредност, како и потребните информации околу таргетираните компании.

Предности:
• Можност за големи добивки (во фаза на т.н. биков или растечки пазар);
• Потполна слобода во вложувањето;
• Исплата на дивиденда кај одредени акции.

Недостатоци:
• Висок ризик од загуби поради пад на цените на акциите предизвикан од различни фактори: лоши вести, фаза на т.н. мечкин или паѓачки пазар, лоши финансиски резултати на компаниите, итн.;
• Релативно високи трошоци на тргување при често купување – продавање (брокерски провизии и берзански такси);
• Потребен е релативно висок почетен капитал за вложување доколку сакате да го намалите ризикот од загуба и да создадете портфолио од повеќе акции;
• Ликвидност, односно неликвидност. Ова е карактеристично за малите, неразвиени пазари на хартии од вредност како македонскиот. Тоа значи неможност да во секое време ги уновчите вашите хартии, поради едноставна причина што на другата страна нема купувач!

Животно осигурување

Предности:
• Загарантирана осигурана сума во случај на смрт во времетраењето на полисата, од моментот на првата уплата и во зависност од општите услови на користената полиса;
• Можност да се искористи полисата како гаранција при подигање на кредит;
• Можност за прекин на плаќањето на полисата во краток временски период (најчесто една до две години).
Недостатоци:
• Обврзувачки договор (ве обврзува да плаќате претходно определен износ на рата, високи пенали во случај на предвремено искористување или неплаќање на премијата – ратата;
• Нетранспарентност (не сме во можност да го знаеме точниот износ на моменталните средства со кои располагаме);
• Високи провизии

Доброволни пензиски фондови овозможуваат дополнително да си обезбедите средства за пензија кои се уплатени на ваша лична сметка и кои со текот на годините се оплодуваат. Уплатените средства се регулирани со законска рамка и спаѓаат во релативно сигурна инвестиција.

Предности:
• Сигурност на средствата на пензискиот фонд (контрола од страна на МАПАС- агенција за капитално финансиско пензиско осигурување);
• Диверзификација на ризикот на инвестициите

Недостатоци:
• Штедачот во пензискиот фонд не може да ја подигне заштедената сума најрано 10 години пред остварувањето на правото на старосна пензија;
• Релативно ниски приноси (долгорочните приноси на ваквите фондови во светот се движат помеѓу 4-5% годишно бидејќи инвестиционата политика има многу законски ограничувања, сè со цел заштита на капиталот);
• Трошоци за преминување од еден во друг доброволен пензиски фонд.

Отворените инвестициски фондови (ОИФ) (посебна форма на имот), претставуваат институции за колективно инвестирање т.е. професионално управувани форми на инвестирање, кои се основаат со цел здружување на парични средства од домашни и/или странски физички и/или правни лица, кои потоа се вложуваат на светските и домашниот пазар на капитал во најразлични хартии од вредност: акции, обврзници, записи, депозити, злато и сл.

Недостатоци:
• Нема точно утврдена годишна каматна стапка – добивка;
• Ризикот може да са окарактеризира како среден, особено кај акциските инвестициони фондови кои во фазите на мечкин (паѓачки пазар), паѓаат исто како и акциите во кои имаат вложено.

Предности:
• Атрактивна добивка (светскиот просек е 12-15% на годишно ниво). И покрај фазите на паѓачки пазари, фондовите остваруваат двоцифрен просечен раст на годишно ниво, затоа што растот на цените на акциите го надминува нивниот пад;
• Ликвидност. Парите не се орочени и можете да располагате со нив во било кое време. Во моментот кога ќе одлучите дека ви требаат дел или сите ваши пари, сè што треба да направите е да пополните барање за откуп на удели и во рок од седум календарски дена, парите ќе легнат на вашата трансакциска сметка;
• Професионално управување на капиталот. Не треба да имате големи познавања за пазарите на хартии од вредност, тоа за вас го прават стручни лица, фонд менаџери;
• Диверзификација на ризикот. Капиталот се инвестира во голем број хартии од вредност. Зависно од политиката на инвестирање на фондот, вашите средства можат да бидат инвестирани на пример во хартии од вредност на компании на Балканот или низ целиот свет;
• Не треба висок почетен капитал (минималната уплата е 1.000 денари);
• Можност за флексибилно уплаќање по ваша желба (нема договори);
• Висока транспарентност (секој ден знаете колку е вашиот имот во фондот);
• Висока контрола на работењето. Комисијата за хартии од вредност на Р. Македонија е телото кое ја регулира работата на друштвата за управување со фондови. Потоа тука е и депозитарната банка, како и независни ревизорски куќи.

Ова се најосновните карактеристики на алатките кои ни се достапни на финансискиот пазар во Македонија и истите ни служат како можност за пласирање на нашите пари кои ќе останат непотрошени. Наша цел е да ви помогнеме во донесувањето на одлуката да почнете да штедите, или уште подобро да инвестирате. Изборот е секогаш само ваш. Стравот се јавува како плод на незнаењето, а незнаењето во врска со вашите лични финансии може да ве чини скапо.

Aвтор: Томислав Трајков е овластен соработник на Синергија Плус – Прва Агенција за финансиска писменост во Македонија. За повеќе информации за како помудро со личните финансии посетете го веб порталот на http://www.sinergijaplus.com/

- Sent using Google Toolbar"

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Познавајки се себеси е клучот за финансиски успех


Една од најдобрите работи кои  можеш да  ги направиш кога ти недостасуваат пари ако сакаш да постигнеш  финансиски успех е да бидеш искрен и да се познаваш  себе си. Многу луѓе не знаат што сакаат, која е нивнита насока , и начинот на нивното однесување влијае на нивните финансии.
Што значи тоа да се познаваш себеси? Ќе набројам  повеќе работи. Некои луѓе може да имаат проблеми со некои или сите од овие долунаведени  области.
Да ја откриеш причината трошење: Дали едноставно можеш  да не купиш работи како популарни брендови, ДВД, облека? Дали во продавница влегувате кога сте тажни, среќни, или ви е досадно? Ако си во друштво и сте излезени и другите трошат пари дали се почувствуваш повикан да потрошиш и ти пари ? Советот е кога ќе купиш нешто, запишиси  што купи колку чини и што чуствуваше во тој момент. Запишувај све што купуваш. Ти по тоа ќе почнеш  да препознаваш  што се случува во моментот кога купуваш, а потоа можеш да креираш  стратегии за да се справиш со трошењето, кои те доведува до ...

Да знаеш како да се справиш со искушение: Можете  ли да бидете среќни останувајки дома и да не се оди во продавници, или ќе мора да се оди и наполни количката? Некои луѓе можат да се откажат од трошење на некои богати јадења кои и не се потребни. Или ако веќе не можеш а да не отидеш оди од дома со спремно пусулче , тоа е подобро отколку да се опуштиш во трошење , ќе заштедиш  1000ден. Ако знаеш како да се контролираш кога имаш предизвик на купување и си искрен  во врска со твојата слабост  тоа ќе ти помогне да се здобиеш со контрола.

Да ги познаваш твоите граници: Некои луѓе можат да бидат многу среќни живеејки скромен живот. Други ќе бунтуваат ако се принудени да ги намалат трошковите премногу. Запознај се со колку далеку можеш  да одиш  пред  да пропаднеш. Не можеш да спасиш многу пари, но можеш  да се доведеш до твоето  ниво на удобност. Секогаш можеш  да експериментираш  со тоа како може да се биде скромен, но ако почнеш  да се чувствуваат непријатно, се повлекуваш  пред  да пукнеш.

Да ги познаваш своите желби : Што ти навистина јадеш и употребуваш? Да речеме ќе купувам здрава храна. Но, ако знаеш дека никогаш нема да јадаш зеленчук, купувањето  ќе биде губење на пари. Ако сте си ветиле да имаш некој производ, но никогаш нема  да го користиш, купувањето е  бесцелно. Тоа обично лугето го купуваат поради другите,да речеме комшијата ставил јаки звучници во кола па мора сега и јас. 
Знаеш што сакаш од животот: Дали сакаш да се пензионираш порано? Дали сакаш да поседуваш многу луксузни стоки? Дали сакаш да се преселиш на друг континент? Сакаш поинаква кариера? Нема ништо лошо со било која цел може да ја имаш. Меѓутоа, секоја цел си има своја цена (пари,време).Дали сте спремни да ја платите цената што треба за да се стигне до целта?секое патување има свој старт,твоето е да биде на секоја твоја заработка троши  90% од неа.а 10% од заработката инвестирајте во инвестициски фонд  за да се множат парите и Зголеметеја вашата моќ за учење, да станете паметни, повешти и да си подарите себеси самопочит
текстот е слободен превод од  http://ezinearticles.com/

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS