4 СОВЕТИ КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИШ ОД ДОЛГОВИТЕ

Не знам дали ќе се сложите со мене, но живееме во време каде што банките ја имаат една од најважните улоги во животот на луѓето. Како никогаш до сега, тие со своите агресивни маретинг кампањи ве повикуваат да бидете сопственик на материјални нешта и задоволства кои реално не можете да си ги дозволите. Ви дозволуваат две-три плати во минус на тековна и “супер услови“ на кредитната доколку станете нивни клиент и сте корисник на еден од нивните кредитни производи. Толку многу луѓе во Македонија се зависни од банкарскиот кислород(читај кредит) што на улица често ја сретнуваш изјавата “Сите се со кредит, не може да се живее без него“ или “Кога и како ќе купам кола или стан ако не земам кредит.“ Многумина од вас кои го читате текстот во моментов, ќе се најдете во оваа група на задолжени граѓани и ќе ве фати нервоза и ќе си речете “еве уште еден текст во кој што “ќе ни солат памет“. Мојата намера не е воопшто таква, јас ќе се обидам да ви дадам четири едноставни совети кои мене лично ми помогнаа кредитниот менталитет да го сменам со домаќински менталитет и полека но сигурно да излегувам од догловите. Се надевам дека кај дел од вас кои сте во долгови и не сте единствени на оваа планета ќе ве потикнам да превземете акција, а успехот на чистењето на минусите и кредитите ке зависи само од вас и тоа дали се придржувате до планот или не.


Совет број 1.
СООЧИ СЕ СО ТВОЈОТ ДОЛГ

За да почнеш да го решаваш проблемот, прво мора да признаеш дека има проблем. Соочи се со ситуацијата, колку и да е лошо искуството и создава горчина, напиши ги сите долгови за да имаш јасна слика за моменталната ситуација. Кога си го направил тоа веќе е направен првиот чекор, одлуката е донесена. Желбата да бидеш финансиски слободен човек е тука, следат следните чекори.

Совет број 2
ПОЧНИ СО НАЈЛОШИОТ КРЕДИТ

Први на листата ставете ги долговите од кредитните картички. Револвинг кредитните картички се вистински крадци на вашите пари. Исплатете ги прво нив, а потоа затворете ги или исечете ги истите. Почнете да трошете онолку колку што имате, поченете го животот без “пластичните другарчиња“. Потоа следуваат долгорочните кредити, како што се хипотекарните стамбени кредити. Пробајте да ја зголемите ратата ако дозволува договорот, се со цел предвремено да се ослободите од него, затоа што каматно каматниот ефект на долг рок прави да вратите многу повеќе од она што сте позајмиле. Овде випосакувам истрајност и решителност, а чуството кога ги затворате минусите ќе ви биде награда за покажаната дисциплина.

Совет број 3
НАПРАВИ БУЏЕТ

Целта на ова е да имаш контрола на своите приходи, обврски и трошоци. Научи да го следиш паричниот тек на твоите пари. Доколку ти оди тешко овој дел, посети некој семинар за лични финансии, ќе ти помогне да научиш да бидеш сметководител на твоите пари. Потоа ќе знаеш каде можеш да скратиш и да заштедиш од твоите трошоци, а ако тоа не е доволно почни да размислуваш за дополнителен приход.


Совет број 4
ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРИХОД

Да претпоставиме дека си вработен и немаш дополнителни 8-10 часа за да работиш уште една работа. Значи треба да се фокусираш на нешто што не одзема многу време, а нема да ти пречи на сегашната работа која ти помага во планот за враќање на кредитите.Постојат многу можности кои обезбедуваат дополнителен приход. Една од тие што многу финансиски успешнии слобдни луѓе ја препорачуваат е мрежниот маркетинг. Во него ќе научиш многу а ќе добиеш можност да изградиш сопствен бизнис и пасивен приход. А тоа значи раздолжување и чекорење кон финансиската слобода, каде што ги нема сметките од банка, а имаш слободно време за себе и најблиските.
Ова се дел од советите што мене ми помогнаа да почнам да се ослободувам од обвските и сигурно да чекорам кон патот на финансиска слобода. Истите можат да ви помогнат и на вас доколку имате желба, истрајност и сте спремни да превземете акција.

ВИ ПОСАКУВАМ СРЕЌА

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Правило 72


Правилото 72 е математичка равенка односно ментална кратенка. Оваа ментална кратенка е за да се процени ефектот на било која стапка на раст, за брзи финансиски пресметки. Еве ја формулата:

72 / каматна стапка = Години да се дуплира инвестицијата

Оваа формула е корисна за брза финансиска проценка и за разбирање на духот на каматно каматен ефект. Да земеме неколку примери:
* инвестиција со раст 6% на твоите пари се 72 / 6% или 12 години да се удвои.
* Да ги дуплираш твоите пари за10 години, потребна е каматната стапка и тоа се пресметува 72 / 10год =7,2%.
* Може да пресметаш и ако БДП на Македонија се зголемува на 3% годишно, економијата ќе се зголеми двојно со равенката 72 / 3% или 24 години.
* Ако твојот раст е 2%, тоа ќе се зголеми двојно за 36 години. Ако растот се зголемува на 4%, тоа ќе се дуплира за18 години.
Може да го користиш правило 72 за трошоците како инфлација
* Ако стапката на инфлација е од 2% до 3%, парите ќе ја изгубат својата вредност за половина на 36 или 24 години.
*Кога купуваш автомобил а немаш доволно пари во една од нашите банки ти нудат автомобилски кредит со 12% каматна стапка во денарска вредност до 7години или како поволност да ја подигаш платата од нивната банка каматната стапка за кредитот ќе биде 10,8%, можеш да пресметаш дека на банката ќе и вратиш повеќе од дупло за 7 години , 72 / 10,8 = 6,6год односно ако автомобилот си го купил за 10000евра на кредит, реално за него ќе платиш повеќе од 20000евра
Или ќе креираш план за купување автомобил и инвестираш 5000евра во инвестициски фонд кој прави добивка од 12% до 15% ,ќе ја дуплираш инвестицијата на 10000евра за 6 години односно 4,8години.Може да се каже ќе купиш автомобил што чини 10000евра за дупло помалку пари

Користењето на оваа магична формула е да се дознае колку долго е потребно за пари (или нешто друго), да се зголеми двојно за одредена каматна стапка.


искористете го правило 72 за ваша добивка. Среќна математика
http://www.calculatorpro.com/rule-of-72-calculator/ калкулатор

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS