Не ја читај оваа статија... до моментот кога ќе одлучиш да стекнеш богатсво (1/3)дел

Сопственост и имот 

Во уставот на Република Македонија,за имотот и сопственоста се вели дека  создава и права и обврски за сопственикот, што значи дека сопственикот има интерес, но истовремено  има обврски . Ексклузивно и неприкосновено право на сопственикот му е доделено од страна на  уставот и законот а тоа  е да ужива, окупира, поседува, изнајмува, продава, употребува, подарува дел од имотот.Уставот на Република Македонија, не само сопственоста, туку и правото на сопственост, ја гарантира како „свето и неприкосновено право“ на граѓаните (член 30 и 31 од Уставот), достапно за секој под услови и начин предвидени и уредени со Закон

Сопственоста е основа и за други концепти кои ја создаваат основата на општесвото,од античките до современите општества како што се парите, трговијата, долгот, стечајот, криминалот и кражбата . Сопственоста е клучот за градењето  и развојот во капиталистичкиот општествено-економски систем. Законско право за поседување на нешто.

Сопственоста  може да биде материјална (назив на материјални објект како што е куќа, дуќан,земја...) или нематеријална (назив на нематеријални објект, како авторски права,  враќање на долгот и др).




Процесот и механиката на сопственоста не е едноставна, бидејќи може да се добие  или да се  изгуби сопственоста во голем број на начини. За да се здобиете со сопственост може да купите со пари,можете да тргувате со друг имот, да се прими како подарок, да го најдете. Но може и да се изгуби сопственоста на имотот ако го продадете а за тоа добиете пари, размена за друг имот, давајќи го како подарок, да биде ограбен од некого, губење, или му се одзеде сопственоста преку правни средства ако не може да се врати долгот а е гарантиран со сопственост .Сопственикот на  имот, исто така е  сопственик на економските придобивки од тој имот

Кој  поседува  и колку, кај недвижниот имот, правото на еден човек да владее или врши контрола над одредена недвижност не значи дека е и сопственик ,на пример, станар со долготраен закуп има владение , но нема  сопственост,а сопственикот има финансиски придобивки  од закупот и сопственички права. Истото така е ако и имотот е под хипотека , зборот хипотека во  францускиот закон е  термин што значи "мртов залог," а тоа значи дека залогот  престанува (умира)  кога обврската е исполнета или имотот кога е одземен,односно хипотеката е посебна форма да немате сопственост за она што сите мислат дека се сопственици.

Но кога  се стекнува  со сопственост ?Право на сопственост се стекнува според закон врз основа на правна работа или наследсво, можете да го прочитате и законот за сопственос http://www.maticanaiselenici.com/doc/zakoni/Sopstvenost_i_drugi_stvarni_prava.pdf


Кои се придобивките  од сопственоста. Капитализмот е економски систем во кој средствата се во приватна сопственост и се управувани за профит. Приходот во капиталистичкиот систем е во најмалку две форми, профит на една страна, и платите на другите. Постои, исто така, традиција која се третира како кирија, е ова последното е една од најголемите придобивки на сопственоста. За да го разбереме ова  треба  да го знаеме одговорот на следните прашања: Какви форми на имот постојат? Како можам јас да заработам од имотот?,Какви финансиски производи постојат на пазарот за јас полесно да дојдам до сопственост на повеќе имот?

Какви видови на имот постојат?

Пред да видиме какви форми и видови имот има, да видиме што е тоа
имот, Било која форма и вид на имот да објаснам за сите важи една  дефиниција  а тоа е: Имот е се она што не храни,имот е се она што ни става пари во џеб, имот е се она што ни обезбедува благосостојба.

Една од најпознатите форми на имот е недвижен имот
под недвижен имот се подразбира се она што е поврзано за земја како куќа,стан, апартман,земјиште,фарма, деловни простории,постои и движен имот и тоа моторни возила, накит , благородни метали и др. Во последно време кај нас се повеќе сопственици на имот се на хартии од вредност како акции, обврзници , удели во инвестициски фондови и друга форма на имот е и управување со бизнис, приход од мрежен маркетинг ,интернет економија и др.

Пред да се стане сопственик на било кој имот битно е да се знае дека преку сопственост на имот можете да станете финансики независни, а тоа е да не зависите ниту од државата, сопруг(а),работодавец,родителите и др.Имотот односно на пример: станот, акциите,апартманот, да имаш фирма не носат пари сами по себе, туку едукација(знаењето) повеќе за станот, акциите,удели во инвестициски фондови, апартманите и фирмите ставаат пари во твојот џеб.

Секој е одговорен за својот успех
Во светот нема апсолутно никаков недостаток на пари што треба да дојдат кај тебе . Има многу пари . Исто така нема недостиг на имоти што треба  да станат твоја сопственост

продолжува...


  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS