Не ја читај оваа статија... до моментот кога ќе одлучиш да стекнеш богатсво (2/3)дел

ЕДУКАЦИЈА И АКЦИЈА

Замислете како една цевка(цевковод, навтовод) ги обезбедува твоите пари и имотот. Од една страна на цевката внесувате знаење а од другата страна протекуваат добрата од тоа знаење.За повеќето луѓе тоа е 1/2цол цевка или помала. Дури и со многу притисок(многу работа), има само толку волумен кој може да протече преку 1/2 цол цевка.Но, некои луѓе, или по нивен избор или по можност која ја создале  имаат цевковод чиј проток на богатството е со поголем волумен. а тоа претставува  еден голем нафтовод

Голем цевковод-големо богатство. Мал цевковод-мали резултати
Градење на голем цевковод се базира на  позитивна свест,богати мисли, верувања, ставови и очекувања, зголемувајки го капацитетот за бесконечно богатство.

Кинеска поговорка мудро вели: "Патот од илјада милји започнува со првиот чекор."На почеток ќе се  соочиш со фактите:  освен тебе  никој друг не е целосно одговорен за твојата  финансиската состојба. Финансиска слобода значи дека  ја имаш контролата на твоите пари

Размисли за тоа, постојат навистина само две опции, или ќе ја преземеш контролата на твоите пари ...
 Или,ако сте како поголемиот дел од луѓето,твоите пари те контролираат


Зашто поголемиот дел од луѓето го избираат лошиот пат,односно илузија на успехот.Илузијата се создава кога ќе потрошите пари кои не сте ги заработиле а со цел да изгледате дека сте успеале.Големиот број на луѓе тоа не го разбираат  и на кредит купуваат брендирана гардероба, одат на добар летен одмор , кола на лизинг ,хипотека за стан.

Поготово они кои земаат поголема плата живеат во ваква илузија , немаат никаква криза во приходите и уредно ги плаќаат обврските до оној момент кога банкарската индустрија ќе ги искористи до крај поминува во фаза на финансиска пропаст.Кога нешто купувате на кредит не плаќате само за кредитот туку и каматата , колку е подолг периодот на отплата толку повеќе и ќе вратите плаќајки камата.
http://www.statija.mk/archives/2608

Видов на билборд  реклама за еден кредит "за подобар стандарт", но  кој го разбира кредитот како функционира ќе види дека  математички е невозможно.Во книгата "Финансиски препород"  од Санјин Фрлан ќе забележам како Фрлан пишува луѓето земаат револвинг картица и супер се задоволни додека ја трошат и се замислуваат како заработуваат многу и животниот стандарт им е како што го посакуваат, но набргу ќе дојде денот кога ќе го достигне лимитот и врзуваат уште еден оков кој ги стега.

И секако излезот кај ќе го најдат? Излезот се вика нова кредитна картица. Во финансиската трка помеѓу двата пата се тркаат зајак и желка.Зајакот има кредитни картици и на почетокот води , купува све што стигне и се чини дека дека ја добива трката.Но зајакот кога ќе ги исцпри своите можности  , желката ќе го престигне и ќе го победи во трката.


Кредитите привидно ќе го подобрат вашиот стандард но потоа ќе ве оковаат во окови и нема да ти дозволат да инвестираш и да купуваш имоти.
Наместо да одите по патот кој парите те контролираат и да се позајмувате од иднината, патувањето започнете го со давање во иднината. одговорот  започнува со прашањето " како со пари?"
http://www.statija.mk/archives/1569.
може да ви потврдам, за да почнете да создавате имот во кои вие ќе бидете сопственици прво треба да кажете стоп на кредитите зашто тие не се решение за купување имот и научете како да владеете со парите.

Прво нешто што ме поврзува со ова прашање  е книгата "Најбогатиот човек во вавилон" од Џорџ Клејсон  преку приказни и мудрости опишува како луѓето пред 8000години ги поставиле стандардите за да се биде богат.Еве извадок од книгата

"Ако можете да одбирате меѓу тешка вреќа полна со злато или тешка вреќа полна со глинени таблички на кои се врежани мудри зборови, за која ќе се одлучите?
Осветлени од светлината на огнот од пустинските грмушки , спржените лица на слушателите се разведрија од љубопитност.

“Со злато, со злато“, на глас извикаа сите двасет и седуммина.
“Наслушнете“, продолжи кревајќи ја раката. Ги слушате ли дивите кучиња во далечината? Тие лаат и завиваат, бидејќи се гладни. Но ако ги нахраните, што ќе прават? Ќе се тепаат и ќе играат не размислувајќи за утрешната која сигурно ќе дојде.
Исто е и со синовите на човекот. Дајте им да одберат меѓу златото и мудроста и што ќе направат? Ќе ја игнорираат мудроста и напразно ќе го потрошат златото. А утре ќе завиваат, бидејќи веќе нема да имаат злато. Златото е резервирано за оние, кои ги познаваат неговите закони и се придржуваат кон нив.

1. Златото со задоволство и во големи количини оди кај оној, кој одвојува не помалку од една десетина од својата заработка, а со тоа создава имот за својата иднина и за иднината за своето семејство.

2. Златото вредно и со задоволство работи за мудриот сопственик кој му наоѓа добра инвестиција. Во тој случај, тоа се множи слични на страданјата в поле.

3. Златото зависи од заштитата на внимателниот сопственик, кој го вложува врз основа на советите од луѓето кои знаат како мудро да работат со него.

4. Златото бега од рацете на човекот, кој го инвестира во работи или цели што не ги познава, или што не ги одобруваат луѓето кои се вешти во работењето со златото.

5. Златото бега од човек,кој на сила со него сака да оствари невозможна заработувачка, или кој ги прифаќа примамливите совети на измамниците и крадците, или кој верува во сопственото неискуство и сопствените романтични желби при неговото инвестирање."

  
 Ова се петте закони на златото напишани од мудрите и богати Вавилонци. Вавилон бил најбогатиот град во стариот свет,бидејќи вавилонците  биле најбогатите луѓе на тоа време. Тие ја ценеле вредноста на парите. Ги применувале  финансиски принципи за заработување пари кои важат и денес, за нивно чување и инвестирање, за да создадат уште повеќе пари и имот. Тие го постигнале она, кон кое сите ние се стремиме, правиот пат..... приходи за иднината.



  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS