Дали успехот зависи од Вашиот Круг на луѓе?


Имате ли чувство дека се дружите со погрешни луѓе? Имате ли чувство дека не се движите на вистинските места на кои би сакале. Дури и кога сè околу Вас изгледа добро, не сте потполно задоволни. На сила правите работи кои не ги сакате – а ги правите само затоа што ги прават и Вашите пријатели. Тоа е навистина непријатно чувство и е резултат на Вашиот круг на луѓе со кои се дружите!
Доколку тие се членови на Вашата фамилија – не можете да се ослободите од нив, ниту да изберете нови роднини. Исто така ограничени сте и во изборот на вашите другари од детството или од училиште. Но затоа, можете да го изберете вашиот круг на пријатели и да најдете нови со кои ќе се дружите.
Во англиската литература за оваа намена се користи терминот peer group. Доколку проверите во Webster Dictionary, зборот peer group означува група луѓе од приближно иста возраст, со сличен социјален статус и слични интереси. Одредени вакви групи повеќе се одржуваат заради интересот или она што ги зближува, отколку поради фамилијата или поради други вообичаени институции. Поедноставно е кога членовите на кругот се со приближна иста возраст и социјален статус, но тоа не е задолжително.
Зошто Вашиот Круг на луѓе е поважен отколку што мислите?
Дали се сеќавате кога бевте мали и кога вашите родители ви велеа дека треба да се дружите само со добрите деца? Родителите секогаш се загрижени за друштвото кое ќе го избереме во детството. Тие едноставно се обидувале да се осигурат дека нема да западнеме во проблеми. За нив било доволно доколку не се движиме во лошо друштво и им било јасно дека таквото друштво значително можело да влијае на нас.
Ние стануваме слични на луѓето со кои го поминуваме најголемиот дел од времето. Или, уште подобро кажано, ние стануваме она на чие влијание сме изложени најголем дел од времето. Ова значи дека слушањето на досадни радио програми, гледање вести на ТВ или читање весници со лоши вести, на подолг период влијае на нас и на нашата потсвест.
Спротивно на ова, читањето на мотивирачки книги, читањето на корисни и современи информации, гледањето на програми, филмови и презентации кои ве надградуваат може да биде од значителна корист за Вас. Всушност, 50% од мојот круг на луѓе редовно читаат книги, голем дел од нив следат литература од автори кои јас сум ги препорачал. Веројатно поголемиот дел од времето го минувам со нив, отколку со сите останати мои пријатели заедно. И ми се допаѓа што тоа е така.
Што претставува Круг на луѓе?
Во медиумите честопати можете да сретнете споредба на два или повеќе инвестициски фондови. Во овие споредби се споменуваат конкретни специфични фондови. Важно е да се потенцира колку се тие цврсто поврзани со одреден круг на луѓе. Гледано од овој аспект, круг на луѓе претставува специјализирана група на луѓе со заеднички интерес кои секогаш инвестираат во истиот тип на фондови или области од светот или еднакво големи компании или во компании по некоја друга слична категоризација.
Дали ова им помага да заработат повеќе пари?
Да. Еве и зошто.
Трите кучиња
Замислете дека имате три кучиња. Една минијатурна пудлица, една обична пудлица и една огромна пудлица. Однадвор гледано, тие изгледаат многу слични една на друга, но се разликуваат по нивните одлики. Во трка на кучиња, сигурно би биле последни. Во натпревар во трагање со јазовец сигурно нема да уловат ништо. Доколку се натпреваруваат со птичар, нема ни да се доближат до некоја птица. Големата пудлица е поголема и посилна од наведените тркач, јазовичар и птичар. Но што вреди кога го имате погрешното куче за на лов.
Кога одите на лов, не ви треба пудлица, туку потребен Ви е загар, сетер или друг вид куче, во зависност од тоа што сакате да уловите. Аналогно на ова, кога Вашите тешко заработени пари ги инвестирате во инвестициски фондови го одбирате оној фонд кој најмногу одговара на целите кои сакате да ги постигнете со парите за определен период. Се разбира дека ќе сакате да го извадите максимумот од Вашата инвестиција. Вашата крајна финансиска цел некогаш може да се промени, а со тоа ќе се промени и начинот на кој ќе сакате да стигнете до таа цел, односно ќе се промени инвестицискиот фонд преку кој ќе сакате да ја постигнете целта.
Не е потребно да бидете некој кој има огромен круг на пријатели. Наместо тоа, можете да одржите една мала група на блиски пријатели.
Избегнувајте озборување, не трошете го времето седејќи со други луѓе кои немаат работа и постојано зборуваат за девојки или фудбал. Трошењето време нема да Ви помогне да стигнете онаму каде што сте тргнале.
Како да ја изберете групата?
Вашиот живот можете да го направите поедноставен, забавен и ефикасен доколку го изберете вистинскиот круг на луѓе. Можете самите да креирате нов круг на луѓе или да се придружите на веќе постоечки круг.
Со цел да влеземе и да бидеме прифатени од нашиот круг на луѓе, ние ја жртвуваме нашата уникатност и им даваме приоритет на работите кои самите нас нè прават она што сме. Некои работи ги правиме затоа што сакаме да бидеме дел од таа група. Со самото стареење стануваме посвесни за тоа кои сме и што сме и што можеме да му понудиме на општеството, како можеме да го искористиме сопствениот потенцијал и на крајот, како да блеснеме.
Кои се целите на одреден Круг на луѓе? Причината за постоењето на одреден круг на луѓе е на членовите да им дава поддршка, кога е потребно од нив и да бара поддршка, совет, разбирање, средства, помош и сл. Вистинскиот круг на луѓе од вас ќе бара да создавате прилики, а истовремено и ќе ви овозможува нови прилики. Пред да се приклучите на одреден круг на луѓе, потребно е да утврдите дали вашите цели се во согласност со целите на тој круг на луѓе.
Што очекувате од одреден Круг на луѓе? Утврдете ги вашите цели и потреби пред да започнете да го барате соодветниот круг на луѓе. Размислете дали од групата барате поддршка или само сакате да побарате помош?
Бидете искрени. Немојте да се лажете ниту себеси. Немојте да губите ниту време, ниту средства. Порано или подоцна вистината ќе излезе на виделина.
Колку е активен одреден Круг на луѓе? Дали кругот на луѓе сè уште постои и е активен? Обидете се да утврдите објективно мерило. Кои се нивните активности и како членовите се поддржуваат меѓусебно?
Вашиот круг на луѓе може да Ве повлече наназад
Најголемиот дел од времето можете да го минувате со Вашата фамилија. И најголемиот дел од луѓето со кои Вие контактирате, најверојатно најголем дел од времето минуваат со своите најблиски. Претпоставувам дека и најголемиот дел од Вас го правите истото.
Доколку луѓето од Вашиот круг се дебели, Веројатно и Вие ќе сте!
Не се шегувам! Ова е и научно докажано. Доволно е Вашиот најблизок пријател да има пријател кој е дебел и со тоа шансите да се здебелите веќе Ви се зголемени за 20%. А се работи за човек со кој воопшто и не се познавате лично!
Моќта на влијанието на околината, на Вашиот Круг на луѓе, или на Вашата средина, како и да ја наречете оваа група на луѓе, ќе го има најголемото влијание на целокупниот Ваш живот.
Кој е во Вашиот Круг на Луѓе и со кого го минувате најголемиот дел од времето?
Овде не зборуваме за времето кое го минувате со Вашите клиенти или бизнис соработници.
Вашиот Круг на луѓе се луѓето со кои не само што минувате најголем дел од времето, туку оние луѓе со кои ги делите сфаќањата и мислењето и за кои најмногу се грижите. Овие луѓе се оние кои најмногу ќе ви се најдат и ќе се потрудат да Ви помогнат кога ќе се најдете во неволја.
Тоа се луѓето со кои патувате, со кои секојдневно јадете, со кои се смеете и со кои можеби заедно тагувате или плачете.
Овие луѓе го имаат најголемото влијание на Вашите животи и на скоро секој поединечен аспект на Вашиот живот.
Кои се Вашите очекувања за Вас лично, за Вашиот живот и Вашиот бизнис? Дали се тие доволно успешни да бидат на врвот или се едноставно просечни?
Од Вашиот круг на луѓе, кои се нивните очекувања од животот и од бизнисот, но што е уште поважно, кои се нивните очекувања од Вас?
Доколку очекувањата кои ги имате од животот и од бизнисот далеку ги надминуваат очекувањата на оние кои се директно околу Вас, ќе водите тешка битка со нив и ќе ви разниша самодовербата во себе.
Овие луѓе ќе Ве одвраќаат од успехот, повторувајќи ги следните фрази:
“Овој бизнис го работиш веќе една година и досега ништо не се променило. Можеби е време да си најдеш друга работа”.
“Не треба да се дружиш со тие луѓе, тие ионака немаат ништо ново да ти понудат, само си губиш своето драгоцено време”.
“Мислам дека нема да најдеш ниту еден заинтересиран за да го купи твојот производ, заборави, безнадежен случај си”.
Или можеби знаете други слични вакви фрази кои честопати ги слушате од Вашите пријатели. Овие луѓе се обидуваат да ве одвратат од намерите бидејќи тие се плашат од тоа како на нив ќе влијае Вашиот успех. Тие може да се почувствуваат уназадени, кога работите за вас ќе тргнат напред.
Доколку Вашиот круг на луѓе Ве влече наназад, тогаш најдобро е да се ракувате и да се збогувате со нив.
Лекција која можеме да ја научиме од една жаба
Една група жаби минувала низ шумата. Две од нив паднале во длабока дупка. Останатите жаби се собрале околу дупката со цел да им помогнат да излезат. Кога виделе колку е длабока дупката, тие сфатиле дека нема да биде можно да ги извадат двете жаби и решиле да се откажат.
Двете жаби од дупката ги игнорирале коментарите на другите жаби и се обидувале со сета своја сила да излезат надвор. За тоа време сите други жаби им велеле да се откажат и дека им нема спас. По некое време, едната од жабите се откажала од скокање и се помирила со фактот дека ќе умре во дупката.
Другата жаба продолжила да скока колку што можела повисоко. Жабите од горе уште погласно викале по неа да се откаже од своите обиди. Но ова уште повеќе ја охрабрувало жабата и конечно на крајот успеала да скокне доволно високо за да излезе од дупката. Кога излегла, останатите жаби ја прашале дали не ги слушнала кога ѝ велеле дека не може да успее. Жабата им објаснила дека мислела дека цело време од горе ја охрабрувале и тоа ѝ дало повеќе сила за да може да скокне високо.
Упорноста и силната желба ќе ве одведат до успехот кој го посакувате 
Луѓето околу Вас ќе Ве критикуваат и ќе се обидат да ве обесхрабрат. Тие ќе се трудат да се откажете кога она што го правите го сметаат за невозможно. Тие дури и може да викаат на цел глас по Вас за да се откажете. На Вас е дали ќе ги послушате или не. Всушност, доколку вложите доволно напор и останете целосно фокусирани на успехот, тогаш и воопшто и нема да ги слушнете критиките упатени до Вас.
Бидете лидер
Поставете стандарди за тоа што може да постигнете во Вашиот живот. Поставете граници што можете да постигнете во животот или во бизнисот. Постигнатото споредувајте го со она што сметате дека можете да го постигнете, а не врз база на она што другите велат дека можете да го постигнете. Доколку постојано се споредувате со нечии други стандарди, дотаму и ќе стигнете. Секогаш трудете се да постигнете повеќе од она што другите очекуваат. Најдобрите спортисти секогаш се натпреваруваат сами со себе, за нив не постои граница и токму затоа и постигнуваат такви резултати.
Доколку станете лидер со пример, ќе им помогнете на другите околу Вас да размислуваат поинаку за она што можат да го постигнат во животот.
Aвтор: Дејан Спасески e координатор на веб страната Водич за Неформално Образование. За повеќе информации, посетете го веб порталот http://www.no.net.mk/.
текстот е превземен од http://www.statija.mk/archives/5049

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

ЦРВЕНА ПИЛУЛА ИЛИ СИНА ПИЛУЛА


"Земи ја сината пилула,приказната завршува, ќе се разбудиш во твојата постела и ќе веруваш во она што сакаш да верувш.
земи ја црвената пилула,остани во земјата на чудата и јас ќе ти покажам колку е длабока зајачката дупка "-Морфеј

Што овој момент ни кажува

Нео е во потрага
Нео не е задоволен со статусот. Тој знае дека нешто не е во ред, но не е сигурен што е тоа.

Морфеј е водич (ментор)
Морфеј е водич и му кажува на Нео дека се не е како што изгледа. Нео мора да одлучи дали сака да ја знае вистината.

Нео мора да избере
Морфеј му дава на Нео избор:

Црвениот пилулата: Запознајте се со вистината за да откриете колку е длабока зајачка дупка
Сина пилула: Останете во својата сегашна реалност и  разбуди се следното утро верувајќи она што ти сакаш.

Матрицата = Организационата реалност
Нео = транзиција
Морфеј = е тренер

"црвената пилула" значи дека сте се одлучиле да видите  колку зајачката дупка оди,
ќе почнете да одлучувате за себе за концептот правда,пари,чест,праведност,вистината,
и сте подготвени со отворен ум да го видите кодирањето"зад реалноста" ...

"сината пилула" значи  едноставно да ги прифатите работите,
и да престанете да прашувате зошто нема пари зашто нема правда
зашто нема љубов и како истите постојат, и да купувате редовно тоа што ви кажуваат
партиите,владата телевизиите и сите други пропаганди со пораки дека не сте способни
дека светот е во страв

Во есејот напишан од Расел Блекфорд се дискутира за црвените и сините пилули,
прашањето е дали ако некој е целосно информиран тој ќе ја земе црвената пилула,
залагајќи се за реалниот свет и за својот успех.

Во книгата "Уметноста на одлуката", автор Гај Кавасаки ја користи црвената пилула
како аналогија со лидерите на новите организации, во кои тие се соочуваат со истиот избор
или да живеат во реалноста или фантазијата. Тој додава дека доколку некој сака да биде успешен,
треба да ја земе црвената пилула и да види колку е длабока зајачката дупка

забелешка:
црвената пилула е еден вид, кој некој не може дури и да ја најде
сакам повеќе луѓе да почнат да размислуваат за себе, да ги направат своите сопствени одлуки за сè
на некого веќе му ги подадов црвената и плавата пилула

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Вистинскиот проблем на мрежниот маркетинг

Не се работи за бизнис моделот.
Никогаш не престанувам да се чудам на екстремно поделените мислења кои ги слушам од луѓето за мрежниот маркетинг (МЛМ). Некои луѓе толку многу се залагаат и веруваат во истиот – и не зборувам за било кој, туку за светски познати автори со повеќекратни бестселери од рангот на Robert Kiyosaki и Brian Tracy, но исто така и луѓе од бизнисот, како Donald Trump, луѓе кои овој модел го работат и го препорачуваат на оние кои сакаат да започнат сопствен бизнис. Сепак во многу кругови доволно е да кажеш дека работиш мрежен маркетинг за да се појави некој кој ќе направи асоцијации на истиот со некои непријатни приказни од минатото поврзани со пирамидални шеми и слично и да предизвика да останеш со горчливо чувство во устата.
Тогаш што е вистинскиот проблем на мрежниот маркетинг или МЛМ?
Дали се работи за пирамидалната структура на бизнисот? Не може навистина да се каже дека тоа е така, затоа што исплаќањето на провизии на повеќе нивоа е сосема нормално за системите на работа во сите класични компании. Скоро секоја поголема организација на светско ниво има ваква структура на исплаќање на провизии. Овластените за продажба добиваат процент/провизија, нивните менаџери исто така, и на подеднаков начин генералните менаџери добиваат дополнителни бонуси над сите претходно споменати.
Можеби тогаш се работи за фактот дека нешто мора да се плати за да се учествува во бизнисот?
Но, не е ни тоа, во суштина се работи за стандарден франшизен модел. Кога луѓето плаќаат за да донесат франшиза (бренд + бизнис систем) во Македонија, тогаш е сосема во ред да се плати однапред за да се отвори еден Mac Donald’s, Mango или дури и едно мало пекарче од типот на Fornetti. И дополнително ве уверувам дека доколку ги проверите бројките ќе видите дека било која од цените за започнување бизнис со овие франшизи и други е повеќекратно поголема (х10, х100) од влезот кој ќе го платите за да градите бизнис од мрежниот модел.
Се разбира имало и ќе има и нелегални пирамидални шеми кои го злоупотребуваат овој систем на работа. Ова се шеми каде сите пари се прават од регрутирање на нови членови без притоа да се одвива продажба на било каков продукт или услуга. Сепак фактот е дека брендови како Oriflame, Avon, Zepter, Herbalife и слично работат веќе долги години извонредно успешно на македонскиот пазар. Истите продаваат продукти низ огромни дистрибутерски мрежи на уште поголем број на клиенти кои само ги користат производите, но и не ја работат работата. Би рекол дека овде проблемот е со перспективата на набљудувачот, а не со бизнис моделот или начинот на неговото функционирање во реалноста.
Дали тогаш вистинскиот проблем е асоцијацијата на мрежниот модел (МЛМ) со пирамидални шеми од минатото?
Не, би рекол конечно дека вистинскиот проблем со МЛМ не е самиот МЛМ систем туку некои од луѓето кои истиот систем ги привлекува. Мрежниот маркетинг е едноставно кажано бизнис модел, сфатете го како еден вид на микро франшизирање чија позитивна страна е дека има ефтин влез со можност за извонредна заработувачка за оние кои ќе успеат да го изградат бизнисот.
Но истите овие квалитети го прават привлечен за многу кои НЕ СЕ вистински подготвени да бидат сопственици на бизнис – ниту искуствено ниту карактерно.
Подолу се набројани карактеристикитете на луѓето за кои овој модел би бил привлечен:
- Не им одело добро во нивниот бизнис или професија и имаат малку пари за инвестирање во сопствен бизнис;
- Немаат претходно искуство со сопствеништво или раководење на бизнис;
- Немаат искуство со воспоставување на професионални односи надвор од вообичаените вработен/газда/колега релации;
- Се незадоволни со приходите кои ги имаат во моментот;
- Имаат нереални очекувања за количината на време и работа кои треба да се внесат во бизнисот за да истиот успее;
- Не го имаат доволно добро дефинирано за себе зборот долгорочно.
Да не ме разберете погрешно – не велам дека овие работи се погрешни или мотивацијата на луѓето е лоша за старт на сопствен бизнис, туку едноставно кажувам дека ова важи за поголемиот дел од луѓето кои “се обидуваат“ да го работат мрежниот модел и не се подготвени да се менуваат и растат со цел да успеат во истиот (или во било што во животот).
Како резултат многу networker-и на терен го прават следното:
- Ја претставуваат можноста на начин на кој толку многу ја “продаваат“ што луѓето потоа на улица ги избегнуваат;
- Премногу зборуваат за бизнисот во ситуации кои се неформални по природа;
- Звучат “очајно“ за другата страна;
- Премногу се фокусираат на регрутирање нови членови без доволно да им обрнат внимание на постоечките;
- Полуточно или неточно го претставуваат бизнисот во кој се впуштиле.
Повторно, не велам дека ова ги опишува мнозинството на networker-и, но ги опишува доволен број од истите за им ја наруши репутацијата на сите. Со ова ќе додадам дека да судите некого врз основа на недостатоците на некое малцинство на кое тој/таа не припаѓа не е фер и секако не е мудро за вас доколку се работи за реална можност која може да ви помогне во животот.
Тогаш кое е решението?
За се има прв пат. Има прв пат и за мрежен маркетинг или МЛМ. Вистината во пракса е дека мрежниот маркетинг е огромна и легитимна можност за луѓето да го изградат својот прв бизнис, да научат продажба, менаџмент итн. Главната порака е – препознајте го мрежниот маркетинг за тоа што е: тоа е бизнис, а вие сте сопственик на тој бизнис. И ако никогаш претходно не сте биле сопственик на бизнис и никогаш не сте работеле продажба и не сте го работеле тој фамозен “networking“, треба да научите како се работи тоа и истото да го учите не само од вашиот ментор/спонзор туку и од етаблирани експерти на тоа поле.
Оние кои работат мрежен маркетинг и се сериозни во намерата за градење на сопствениот бизнис би требало да читаат и учат за основите на градење сопствен бизнис, за најновите техники на продажба и маркетинг, стратегии за градење мрежи и развивање бизниси и слично. Не е доволно да си раскажувате искуства со вашиот тим на неделна или месечна база и да се тапкате по рамо или да ги “горите“ вашите контакти без да сте доволно изградени како личност која ќе ги води истите во градење на сопствен бизнис. Не е доволно да бидете прв и да го почнете бранот. Не е доволно ништо освен комплетна свесност дека сте отвориле своја фирма и истата треба да ја водите со умешност на најдобар можен менаџер.
За крај запаметете:
Ако се однесувате како сопственик на мал бизнис, така ќе бидете и третирани.
Aвтор: Коста Мицковски генерален менаџер на Синергија Плус – Прва Агенција за финансиска писменост во Македонија. За повеќе информации за како помудро со личните финансии посетете го веб порталот на http://www.sinergijaplus.com/http://www.statija.mk/archives/1112

превземена статија од www.statija.mk

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Како да го зголемите потенцијалот и да успеете да го материјализирате вашиот сон?

Им благодарам на Тони Робинс,Френ Керн,Џон Риис за ова видео, го гледав повеќе од шеесет пати.Разбрав и си велев зашто сум се ограничувал цело ова време кога све е возможно и све зависи од мене.За прв пат ги отстранив бариерите, си ги поставив целите да заработам милион долари, да уживам на плажите во Мајами,Рио,Л.А, да нуркам по тропските острови, да ги јавам слоновите низ Тајланд, да ги истражам старите култури во египет, кина,јужна америка, да ги истражувам мистериите за лок нес, елдорадо, да го вкусам светот. Не е ова сон ова е план што го реализирам...ЗНАМ КАКО. Сакам да ги споделам со вас целите и видеото кое ми го смени ставот и филозофијата. Излезете од комфорната зона и одвоите 40 минути за вас







                                 превземено од мојот facebook wall

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS