ПРИКАЗНАТА ЗА РОКИ




На што ме научи ова видео.

... Без разлика колку се лоши околностите можам да ја постигнам целта ...

... Постојат луѓе кои се наоѓаат во полоши ситуации од мене...

... непостојат изговори со цел да се откажам од себеси

...се соочувам со предизвиците денес...

...јас одредувам каков живот ќе живеаем...

Приказната за Роки не учи на принципите

...НИКОГАШ не се откажаувајте од вашите соништа!

...Продолжувам понатаму ...

... И да ме задржи нешто, продолжувам понатаму ...

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Не ми е потребна магија за да успеам


1.Видете што знам.
2.Видете тоа што го знам што може да направи за вас.
3.Што сакам да направите следно

Роберт Киосаки е американски инвеститор, бизнисмен,автор, мотивациски говорник, татко на финансиската писменост . Роберт е познат по книгите ''Богат татко сиромав татко'', ''Кешфлоу квадрант на богатиот татко'' .Овие книги биле бестселери во Њујорк тајмс и Волстрит Журнал. Им помогнал на милиони луѓе во финансиското описменување. Книгите на Роберт ги читам и го следам четири години, филозофијата ја разбирам и сакам да го споделам со вас квадрантот на паричниот тек

Тој вели дека има четири типа на приходи и секој кој има приходи припаѓа во еден од четирите квадранти кои ги поделил на
-квадран В
-квадрант С
-квадрант Б
-квадрант И
*Овој квадрант се нарекува CASHFLOW квадрант (квадрант на паричниот тек) и е заштитена марка на CASHFLOW Technologies


Што значи секој од овие квадранти ?

Во ''квадрантот В'' припаѓаат лугето кои се вработени.Сите кои имаат плата или генерираат приходи работејќи за друг му припаѓаат на '' квадрант В'' . Сите од овој квадрант може да кажат за себе– Јас имам работа

Во ''квадрантот С ''припаѓаат сите оние кои се самовработени или имаат приходи од мал бизнис и заработуваат работејќи сами за себе.Обично се сопственици на мали дуќанчина или трговци поединци. Луѓето кои му припаѓаат на '' квадрантот С '' за себе може да кажат – Сопственик на работа или сопственик на мал бизнис

Во ''квадрантот Б'' припаѓаат Бизнисмените или секој кои генерира приход од големи бизниси каде имаат повеке вработени. Бизнисмените за себе може да кажат дека се– сопственик на систем и вработените работат за мене

Во ''квадрантот И'' припаѓаат Инвеститорите или секој кој има приходи од инвестиции.Прават пари со пари односно вложуваат пари и очекуваат поврат на парите со добивка,. Тие не мора да работат затоа што нивните пари работат за нив.Инвеститорите за себе велат - Парите работат за мене


Што е типично за припадниците за секој од квадрантите?

Припадниците на ''квадрантот В'' вообичаено работат пркувремено, немаат пари и немаат време. Прекувремената работа на луѓето кои припаѓаат на квадрантот В ги изложува на стрес, лоши навики и нередовна исхрана .Во друштво на вработени кај повеќето разговорот помеѓу себе на тема пари ќе речат„мене платата ми трае до петнаести во месецот а друг пак ќе каже мене ми трае до пети во месецот“. Вработените помеѓу себе најчесто кога ќе се сретнат ја користат фразата ''немам време''

Припадниците на ''квадрантот С'' имаат долгови, стресови и немаат време. Луѓето од овој квадрант најчесто влегуваат во долгови зошто заработуваат малку повеке и сметаат дека полесно може да ги вратат ратите, изложени се на стрес поради поголемата ангажираност и ја носат работата дома


Припадниците на ''квадрантот Б'' имаат слободно време, имаат стабилност, работата им е лесна. Бизнисмените, ако не е наследник на бизнис еден дел од работниот век работеле и биле во некој друг квадрант.За тој период создале систем и бизнис вештини .Луѓето веруваат во него и неговиот систем и работат за него. Работата им е лесна се чуствуваат стабилни и имаат слободно време.Филозофијата на бизнисменот е да не работи

Припадниците на ''квадрантот И'' немат долгови, имаат изобилие на пари и имаат слобода. Лугето од ''квадрантот И'' управуваат со ризици. Го прават тоа лесно имаат пристап до информации и инвестираат со разни инвестициски стратегии..Кај нив ''врне пари'' и се господари на сопственото време



Какви приходи генерираат припадниците на квадрантите?

Вработените и самовработените работат за активен приход. Мораат да одат на работа за да заработуваат. Од вкупниот број на луѓе кои имаат приходи во ''квадрантот В'' и ''квадрантот С ''припагаат 95% од луѓето и 5% од приходите.Додека Инвеститорите и бизнисмените имаат пасивен приход.Немораат да одат на работа за да зааботуваат , тоа го прават нивните вработени и нивните пари.Од вкупниот број на луѓе кои имаат приходи во ''квадрантот Б'' и ''квадрантот И'' припаѓаат 5% од луѓето и 95% од приходите


застанете овде и одговорете си на прашањето
Во кој квадрант припаѓам?
Во кој квадрант сакам да бидам?


Ако припаѓате во ''квадрантот В'' и сакате да бидете во ''квадрантот Б'' или ''квадрантот И'' тогаш сте на добар пат. Сметам дека прво треба секој да знае каде е и каде сака да биде. Ако е потребен пат за тоа потребно е да донесе одлука. За одлука која е од битно значење за животот не треба да биде избрзана и не треба да се одовлекува за утре и утре бидејки животот е влечење потези а непријател е времето, ако не повлечете потег времето ќе ве победи. Донесете МУДРА ОДЛУКА.

Можеби ви се гледа дека поминувањето од квадрантите В,С кон квадрантите И,Б ќе ви бидат потребни многу пари , но тоа е погрешно зошто поминувањето е психолошко а не е материјално. На пример за да бидете инвеститор или бизнисмен потребно е да размислувате да дејствувате и да разговарате како инвеститор и бизнисмен. Да имате филозофија стаф или мајнсет на инвеститор или бизнисмен не е возможно тоа да се случи во еден момент.Потребни се од три до пет години работа во градење на филозовија мајнсет стаф или како сакате кажете но е многу битно размислувањето дејствувањето и зборувањето како инвеститор во текот на денот да се зголемува од ден на ден.

Ви велам заменете ги долговите, немањето доволно време, немањето пари и стресовите со слобода, изобилије на пари, стабилност и без долгови со тоа што ќе почнете да размислувате живеете и зборувате како инвеститор и бизнисмен




Тоа што сакам е да го направите првиот чекор на патот од еден квадрант во друг.Ќе ве водам и ќе ви бидам ментор по патот . Го поминувам патот со сите препреки и ќе ви помогнам да го поминете полесно. Една работа открив што е заедничка кај сите бизнисмени,  сите знаат да комуницираат да продаваат и да водат бизнис. Секојдневно ги развивам овие вештини и моето искуство ќе ви го подарам. Заедничкото кај секој инвеститор е го интересира имот и сопствеништво.Купуваат разни форми на имот како удели во инвестициски фонд, акции, недвижнини, злато. Можам да ви помогнам во промена на филозофијата стафот и мајнсетот кон инвеститор со тоа што ќе ве запознам со инвеститори и ќе ве научам како да инвестирате во инвестициски фонд , неговата предност е  не се потребни големи пари но доволни се за промена на филозофијата.

Бидете слободни да ме контактирате и да ми пратите маил на sasogorgijevski@yahoo.com



  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Денот што ми го промени животот


 "Најголемата  вредност во животот не е што ќе добиете или колку пари ќе заработите. Најголемата вредност во животот е каков човек ќе станете" 

Еххх стариот Џим Рон иако го нема меѓу нас неговите зборови многу често ги среќавам на нет. Пред две години ја слушав програмата "The Day that Turns Your Life Around". Се секавам ја слушав додека пешачев,се возев во кола или во автобус а понекогаш и заспивав слушајки. 
Сега седам на едно високо плато и го гледам патот по кој одев и ми е задоволство што Џим  е еден од моето патишествие

Стариот пријател тогаш велеше
Во животот не знаете што е тоа што ќе го промени вашиот живот на подобро. Четири работи се потребни за вашиот живот да се промени на подобро. Првото нешто е гадењето или нешто што ќе ве вознемири и тоа треба да ви помогне да го промените животот на нивото кое го сакате
Следниот работа е  да донесете одлуката да го смените животот за кој сметате дека заслужувате. Мора да се донесете одлука или никогаш нема да промените ништо.
Третата работа е желбата. 
а четвртата е  да си кажете  дека ќе работам на промената се додека не успеам.





"Ветете си дека никогаш нема да се откажете" Џим Рон

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Пасивни приходи: Патот до предвремено пензионирање






Повеќето од нас знаат како се заработува денес. Имате работа и таму инвестирате Х сума на работа  за да заработите Х сума на пари . Потоа, еден мал дел од секоја плата се инвестира во инвестициски фонд за да  можете да се пензионирате пред законските термини за пензионирање. Тоа е план, кој некои луѓе го прават


Кои дополнителни начини ги имаме за пензионирање кога ние сакаме?


Пасивен приход. Со работа на точно одредена работа денес, можете да обезбедите приход за остатокот од вашиот живот, дури и ако не работите за него. Ова е основата на пасивниот приход. Разбирам дека ова објаснување ве остава збунети, па да разгледаме еден пример. Ако некој напише песна и таа се пее во наредните двеасет години секој пат кога авторските права на песната се купени, писателот добива дел од профитот, а тој само еднаш ја напишал песната. Ова е пасивен приход од авторско право.

Како пасивниот приход може да доведе до предвремено пензионирање?


Постојат многу различни форми на пасивни приходи: недвижности, мрежен маркетинг, франшиза, дивиденди. Секој имот или систем кој можете да го развиете и потоа да не работите и понатаму да ви стигнува прихот од тоа  потенцијално може да биде извор на пасивни приходи!


Како ова да го до ставиме во функција да не доведе до предвремено пензионирање?

Да замислиме дека  треба да купите стан од 45 000евра со цел да создадете пасивен приход а вие сте инвестирале по 110евра во минатите 148 месеци и ако добивката на тој фонд била 15% вие сега имате 47000евра и со ова го купувате станот  и имате кирија од 250евра. Овие средсва од киријата можете да ги инвестирате повторно да купите акции од компанија која дава редовно дивиденда за наскоро да заработите дополнителен пасивен приход.Овде збориме за работа на план која треба дисциплинирано да се работи 12-15години за да се обезбеди пензија од пасивен приход.


Како може побрзо да се создаде имот што би ни донел пасивен приход за да се пензионираме кога сакаме?



Мрежен маркетинг


Мрежен маркетинг е бизнис модел каде пари за почетно инвестирање нема , вообичено кај компаниите кој го работат овој модел услов за промовирање на нивните производи е користење на нивните производи. Вообичаено лугето што влегуваат во овој тип на бизнис не се спремни (во училиште не ве учат како се заработуваат пари) имаат ментор и поминуваат континуирана обука каде се учат сите работи поврзани со водење бизнис и водење до личен успех.


Овде ќе стекнете вештини за продажба, за тоа како да го организирате вашето време , да го организирате времето на другите , како да разговарате со сериозни луѓе ,како да разговарате со несериозни луѓе како да разговарате со себеси.Како се поставуваат прашања, ќе научите сметковотсво, правна регулатива едноставно ке станете лидер каде на пазарот на труд ќе вредите многу.Кај овој тип на бизнис се инвестира време. Луѓето кој  работат мрежен маркетинг одвојуваат дел од слободното време за работа најчесто по 10 часа неделно.Можете ли да замислите дека за три години работа во мрежен бизнис можете  да имате пасивен прихот од 1000евра


Вообичаеното прашање е всушност како да изградам тим од 40-50 луге каде партнерски ќе го работиме бизнисот заедно и од тоа да имам солидна заработка од 1000евра месечен пасивен приход? Истото е и кога ќе прашате атхитект како да изградам зграда од 8 ката? Ќе ви дадат одговор: прво имате идеа ,проектирате ,се прават темели , се ѕида, се малтерисува, па се прави кровот. И во мрежниот бизнис сличен одговор: треба да имате филозофија на водење бизнис, ќе користите алатки кои ќе ви помогнат да го изградите бизнисот, па ќе развивате вештини, ќе научите како да промовирате , ќе научите како да создадете соработници и да ги научите нив истото. Но во бизнисот на архитктот и на тој што работи мрежен маркетинг во системот има многу многу други ситни работи кои ќе ви помогнат да го развиете бизнисот.Се започнува со учење и пристап до нови информации ќе научите многу работи бидејки ова не е лотарија.


Започнете го патот до предвремено пензионирање со тоа што ќе запознаете





Што е мрежен бизнис? Како функционира?Кои се успешни млм компании во светот и во Македонија? Користете го Googlе и пребарајте све за  network marketing” и што мислат најбогатите за овој тип на бизнис. Ви посакувам многу успех




  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Дали успехот зависи од Вашиот Круг на луѓе?


Имате ли чувство дека се дружите со погрешни луѓе? Имате ли чувство дека не се движите на вистинските места на кои би сакале. Дури и кога сè околу Вас изгледа добро, не сте потполно задоволни. На сила правите работи кои не ги сакате – а ги правите само затоа што ги прават и Вашите пријатели. Тоа е навистина непријатно чувство и е резултат на Вашиот круг на луѓе со кои се дружите!
Доколку тие се членови на Вашата фамилија – не можете да се ослободите од нив, ниту да изберете нови роднини. Исто така ограничени сте и во изборот на вашите другари од детството или од училиште. Но затоа, можете да го изберете вашиот круг на пријатели и да најдете нови со кои ќе се дружите.
Во англиската литература за оваа намена се користи терминот peer group. Доколку проверите во Webster Dictionary, зборот peer group означува група луѓе од приближно иста возраст, со сличен социјален статус и слични интереси. Одредени вакви групи повеќе се одржуваат заради интересот или она што ги зближува, отколку поради фамилијата или поради други вообичаени институции. Поедноставно е кога членовите на кругот се со приближна иста возраст и социјален статус, но тоа не е задолжително.
Зошто Вашиот Круг на луѓе е поважен отколку што мислите?
Дали се сеќавате кога бевте мали и кога вашите родители ви велеа дека треба да се дружите само со добрите деца? Родителите секогаш се загрижени за друштвото кое ќе го избереме во детството. Тие едноставно се обидувале да се осигурат дека нема да западнеме во проблеми. За нив било доволно доколку не се движиме во лошо друштво и им било јасно дека таквото друштво значително можело да влијае на нас.
Ние стануваме слични на луѓето со кои го поминуваме најголемиот дел од времето. Или, уште подобро кажано, ние стануваме она на чие влијание сме изложени најголем дел од времето. Ова значи дека слушањето на досадни радио програми, гледање вести на ТВ или читање весници со лоши вести, на подолг период влијае на нас и на нашата потсвест.
Спротивно на ова, читањето на мотивирачки книги, читањето на корисни и современи информации, гледањето на програми, филмови и презентации кои ве надградуваат може да биде од значителна корист за Вас. Всушност, 50% од мојот круг на луѓе редовно читаат книги, голем дел од нив следат литература од автори кои јас сум ги препорачал. Веројатно поголемиот дел од времето го минувам со нив, отколку со сите останати мои пријатели заедно. И ми се допаѓа што тоа е така.
Што претставува Круг на луѓе?
Во медиумите честопати можете да сретнете споредба на два или повеќе инвестициски фондови. Во овие споредби се споменуваат конкретни специфични фондови. Важно е да се потенцира колку се тие цврсто поврзани со одреден круг на луѓе. Гледано од овој аспект, круг на луѓе претставува специјализирана група на луѓе со заеднички интерес кои секогаш инвестираат во истиот тип на фондови или области од светот или еднакво големи компании или во компании по некоја друга слична категоризација.
Дали ова им помага да заработат повеќе пари?
Да. Еве и зошто.
Трите кучиња
Замислете дека имате три кучиња. Една минијатурна пудлица, една обична пудлица и една огромна пудлица. Однадвор гледано, тие изгледаат многу слични една на друга, но се разликуваат по нивните одлики. Во трка на кучиња, сигурно би биле последни. Во натпревар во трагање со јазовец сигурно нема да уловат ништо. Доколку се натпреваруваат со птичар, нема ни да се доближат до некоја птица. Големата пудлица е поголема и посилна од наведените тркач, јазовичар и птичар. Но што вреди кога го имате погрешното куче за на лов.
Кога одите на лов, не ви треба пудлица, туку потребен Ви е загар, сетер или друг вид куче, во зависност од тоа што сакате да уловите. Аналогно на ова, кога Вашите тешко заработени пари ги инвестирате во инвестициски фондови го одбирате оној фонд кој најмногу одговара на целите кои сакате да ги постигнете со парите за определен период. Се разбира дека ќе сакате да го извадите максимумот од Вашата инвестиција. Вашата крајна финансиска цел некогаш може да се промени, а со тоа ќе се промени и начинот на кој ќе сакате да стигнете до таа цел, односно ќе се промени инвестицискиот фонд преку кој ќе сакате да ја постигнете целта.
Не е потребно да бидете некој кој има огромен круг на пријатели. Наместо тоа, можете да одржите една мала група на блиски пријатели.
Избегнувајте озборување, не трошете го времето седејќи со други луѓе кои немаат работа и постојано зборуваат за девојки или фудбал. Трошењето време нема да Ви помогне да стигнете онаму каде што сте тргнале.
Како да ја изберете групата?
Вашиот живот можете да го направите поедноставен, забавен и ефикасен доколку го изберете вистинскиот круг на луѓе. Можете самите да креирате нов круг на луѓе или да се придружите на веќе постоечки круг.
Со цел да влеземе и да бидеме прифатени од нашиот круг на луѓе, ние ја жртвуваме нашата уникатност и им даваме приоритет на работите кои самите нас нè прават она што сме. Некои работи ги правиме затоа што сакаме да бидеме дел од таа група. Со самото стареење стануваме посвесни за тоа кои сме и што сме и што можеме да му понудиме на општеството, како можеме да го искористиме сопствениот потенцијал и на крајот, како да блеснеме.
Кои се целите на одреден Круг на луѓе? Причината за постоењето на одреден круг на луѓе е на членовите да им дава поддршка, кога е потребно од нив и да бара поддршка, совет, разбирање, средства, помош и сл. Вистинскиот круг на луѓе од вас ќе бара да создавате прилики, а истовремено и ќе ви овозможува нови прилики. Пред да се приклучите на одреден круг на луѓе, потребно е да утврдите дали вашите цели се во согласност со целите на тој круг на луѓе.
Што очекувате од одреден Круг на луѓе? Утврдете ги вашите цели и потреби пред да започнете да го барате соодветниот круг на луѓе. Размислете дали од групата барате поддршка или само сакате да побарате помош?
Бидете искрени. Немојте да се лажете ниту себеси. Немојте да губите ниту време, ниту средства. Порано или подоцна вистината ќе излезе на виделина.
Колку е активен одреден Круг на луѓе? Дали кругот на луѓе сè уште постои и е активен? Обидете се да утврдите објективно мерило. Кои се нивните активности и како членовите се поддржуваат меѓусебно?
Вашиот круг на луѓе може да Ве повлече наназад
Најголемиот дел од времето можете да го минувате со Вашата фамилија. И најголемиот дел од луѓето со кои Вие контактирате, најверојатно најголем дел од времето минуваат со своите најблиски. Претпоставувам дека и најголемиот дел од Вас го правите истото.
Доколку луѓето од Вашиот круг се дебели, Веројатно и Вие ќе сте!
Не се шегувам! Ова е и научно докажано. Доволно е Вашиот најблизок пријател да има пријател кој е дебел и со тоа шансите да се здебелите веќе Ви се зголемени за 20%. А се работи за човек со кој воопшто и не се познавате лично!
Моќта на влијанието на околината, на Вашиот Круг на луѓе, или на Вашата средина, како и да ја наречете оваа група на луѓе, ќе го има најголемото влијание на целокупниот Ваш живот.
Кој е во Вашиот Круг на Луѓе и со кого го минувате најголемиот дел од времето?
Овде не зборуваме за времето кое го минувате со Вашите клиенти или бизнис соработници.
Вашиот Круг на луѓе се луѓето со кои не само што минувате најголем дел од времето, туку оние луѓе со кои ги делите сфаќањата и мислењето и за кои најмногу се грижите. Овие луѓе се оние кои најмногу ќе ви се најдат и ќе се потрудат да Ви помогнат кога ќе се најдете во неволја.
Тоа се луѓето со кои патувате, со кои секојдневно јадете, со кои се смеете и со кои можеби заедно тагувате или плачете.
Овие луѓе го имаат најголемото влијание на Вашите животи и на скоро секој поединечен аспект на Вашиот живот.
Кои се Вашите очекувања за Вас лично, за Вашиот живот и Вашиот бизнис? Дали се тие доволно успешни да бидат на врвот или се едноставно просечни?
Од Вашиот круг на луѓе, кои се нивните очекувања од животот и од бизнисот, но што е уште поважно, кои се нивните очекувања од Вас?
Доколку очекувањата кои ги имате од животот и од бизнисот далеку ги надминуваат очекувањата на оние кои се директно околу Вас, ќе водите тешка битка со нив и ќе ви разниша самодовербата во себе.
Овие луѓе ќе Ве одвраќаат од успехот, повторувајќи ги следните фрази:
“Овој бизнис го работиш веќе една година и досега ништо не се променило. Можеби е време да си најдеш друга работа”.
“Не треба да се дружиш со тие луѓе, тие ионака немаат ништо ново да ти понудат, само си губиш своето драгоцено време”.
“Мислам дека нема да најдеш ниту еден заинтересиран за да го купи твојот производ, заборави, безнадежен случај си”.
Или можеби знаете други слични вакви фрази кои честопати ги слушате од Вашите пријатели. Овие луѓе се обидуваат да ве одвратат од намерите бидејќи тие се плашат од тоа како на нив ќе влијае Вашиот успех. Тие може да се почувствуваат уназадени, кога работите за вас ќе тргнат напред.
Доколку Вашиот круг на луѓе Ве влече наназад, тогаш најдобро е да се ракувате и да се збогувате со нив.
Лекција која можеме да ја научиме од една жаба
Една група жаби минувала низ шумата. Две од нив паднале во длабока дупка. Останатите жаби се собрале околу дупката со цел да им помогнат да излезат. Кога виделе колку е длабока дупката, тие сфатиле дека нема да биде можно да ги извадат двете жаби и решиле да се откажат.
Двете жаби од дупката ги игнорирале коментарите на другите жаби и се обидувале со сета своја сила да излезат надвор. За тоа време сите други жаби им велеле да се откажат и дека им нема спас. По некое време, едната од жабите се откажала од скокање и се помирила со фактот дека ќе умре во дупката.
Другата жаба продолжила да скока колку што можела повисоко. Жабите од горе уште погласно викале по неа да се откаже од своите обиди. Но ова уште повеќе ја охрабрувало жабата и конечно на крајот успеала да скокне доволно високо за да излезе од дупката. Кога излегла, останатите жаби ја прашале дали не ги слушнала кога ѝ велеле дека не може да успее. Жабата им објаснила дека мислела дека цело време од горе ја охрабрувале и тоа ѝ дало повеќе сила за да може да скокне високо.
Упорноста и силната желба ќе ве одведат до успехот кој го посакувате 
Луѓето околу Вас ќе Ве критикуваат и ќе се обидат да ве обесхрабрат. Тие ќе се трудат да се откажете кога она што го правите го сметаат за невозможно. Тие дури и може да викаат на цел глас по Вас за да се откажете. На Вас е дали ќе ги послушате или не. Всушност, доколку вложите доволно напор и останете целосно фокусирани на успехот, тогаш и воопшто и нема да ги слушнете критиките упатени до Вас.
Бидете лидер
Поставете стандарди за тоа што може да постигнете во Вашиот живот. Поставете граници што можете да постигнете во животот или во бизнисот. Постигнатото споредувајте го со она што сметате дека можете да го постигнете, а не врз база на она што другите велат дека можете да го постигнете. Доколку постојано се споредувате со нечии други стандарди, дотаму и ќе стигнете. Секогаш трудете се да постигнете повеќе од она што другите очекуваат. Најдобрите спортисти секогаш се натпреваруваат сами со себе, за нив не постои граница и токму затоа и постигнуваат такви резултати.
Доколку станете лидер со пример, ќе им помогнете на другите околу Вас да размислуваат поинаку за она што можат да го постигнат во животот.
Aвтор: Дејан Спасески e координатор на веб страната Водич за Неформално Образование. За повеќе информации, посетете го веб порталот http://www.no.net.mk/.
текстот е превземен од http://www.statija.mk/archives/5049

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

ЦРВЕНА ПИЛУЛА ИЛИ СИНА ПИЛУЛА


"Земи ја сината пилула,приказната завршува, ќе се разбудиш во твојата постела и ќе веруваш во она што сакаш да верувш.
земи ја црвената пилула,остани во земјата на чудата и јас ќе ти покажам колку е длабока зајачката дупка "-Морфеј

Што овој момент ни кажува

Нео е во потрага
Нео не е задоволен со статусот. Тој знае дека нешто не е во ред, но не е сигурен што е тоа.

Морфеј е водич (ментор)
Морфеј е водич и му кажува на Нео дека се не е како што изгледа. Нео мора да одлучи дали сака да ја знае вистината.

Нео мора да избере
Морфеј му дава на Нео избор:

Црвениот пилулата: Запознајте се со вистината за да откриете колку е длабока зајачка дупка
Сина пилула: Останете во својата сегашна реалност и  разбуди се следното утро верувајќи она што ти сакаш.

Матрицата = Организационата реалност
Нео = транзиција
Морфеј = е тренер

"црвената пилула" значи дека сте се одлучиле да видите  колку зајачката дупка оди,
ќе почнете да одлучувате за себе за концептот правда,пари,чест,праведност,вистината,
и сте подготвени со отворен ум да го видите кодирањето"зад реалноста" ...

"сината пилула" значи  едноставно да ги прифатите работите,
и да престанете да прашувате зошто нема пари зашто нема правда
зашто нема љубов и како истите постојат, и да купувате редовно тоа што ви кажуваат
партиите,владата телевизиите и сите други пропаганди со пораки дека не сте способни
дека светот е во страв

Во есејот напишан од Расел Блекфорд се дискутира за црвените и сините пилули,
прашањето е дали ако некој е целосно информиран тој ќе ја земе црвената пилула,
залагајќи се за реалниот свет и за својот успех.

Во книгата "Уметноста на одлуката", автор Гај Кавасаки ја користи црвената пилула
како аналогија со лидерите на новите организации, во кои тие се соочуваат со истиот избор
или да живеат во реалноста или фантазијата. Тој додава дека доколку некој сака да биде успешен,
треба да ја земе црвената пилула и да види колку е длабока зајачката дупка

забелешка:
црвената пилула е еден вид, кој некој не може дури и да ја најде
сакам повеќе луѓе да почнат да размислуваат за себе, да ги направат своите сопствени одлуки за сè
на некого веќе му ги подадов црвената и плавата пилула

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Вистинскиот проблем на мрежниот маркетинг

Не се работи за бизнис моделот.
Никогаш не престанувам да се чудам на екстремно поделените мислења кои ги слушам од луѓето за мрежниот маркетинг (МЛМ). Некои луѓе толку многу се залагаат и веруваат во истиот – и не зборувам за било кој, туку за светски познати автори со повеќекратни бестселери од рангот на Robert Kiyosaki и Brian Tracy, но исто така и луѓе од бизнисот, како Donald Trump, луѓе кои овој модел го работат и го препорачуваат на оние кои сакаат да започнат сопствен бизнис. Сепак во многу кругови доволно е да кажеш дека работиш мрежен маркетинг за да се појави некој кој ќе направи асоцијации на истиот со некои непријатни приказни од минатото поврзани со пирамидални шеми и слично и да предизвика да останеш со горчливо чувство во устата.
Тогаш што е вистинскиот проблем на мрежниот маркетинг или МЛМ?
Дали се работи за пирамидалната структура на бизнисот? Не може навистина да се каже дека тоа е така, затоа што исплаќањето на провизии на повеќе нивоа е сосема нормално за системите на работа во сите класични компании. Скоро секоја поголема организација на светско ниво има ваква структура на исплаќање на провизии. Овластените за продажба добиваат процент/провизија, нивните менаџери исто така, и на подеднаков начин генералните менаџери добиваат дополнителни бонуси над сите претходно споменати.
Можеби тогаш се работи за фактот дека нешто мора да се плати за да се учествува во бизнисот?
Но, не е ни тоа, во суштина се работи за стандарден франшизен модел. Кога луѓето плаќаат за да донесат франшиза (бренд + бизнис систем) во Македонија, тогаш е сосема во ред да се плати однапред за да се отвори еден Mac Donald’s, Mango или дури и едно мало пекарче од типот на Fornetti. И дополнително ве уверувам дека доколку ги проверите бројките ќе видите дека било која од цените за започнување бизнис со овие франшизи и други е повеќекратно поголема (х10, х100) од влезот кој ќе го платите за да градите бизнис од мрежниот модел.
Се разбира имало и ќе има и нелегални пирамидални шеми кои го злоупотребуваат овој систем на работа. Ова се шеми каде сите пари се прават од регрутирање на нови членови без притоа да се одвива продажба на било каков продукт или услуга. Сепак фактот е дека брендови како Oriflame, Avon, Zepter, Herbalife и слично работат веќе долги години извонредно успешно на македонскиот пазар. Истите продаваат продукти низ огромни дистрибутерски мрежи на уште поголем број на клиенти кои само ги користат производите, но и не ја работат работата. Би рекол дека овде проблемот е со перспективата на набљудувачот, а не со бизнис моделот или начинот на неговото функционирање во реалноста.
Дали тогаш вистинскиот проблем е асоцијацијата на мрежниот модел (МЛМ) со пирамидални шеми од минатото?
Не, би рекол конечно дека вистинскиот проблем со МЛМ не е самиот МЛМ систем туку некои од луѓето кои истиот систем ги привлекува. Мрежниот маркетинг е едноставно кажано бизнис модел, сфатете го како еден вид на микро франшизирање чија позитивна страна е дека има ефтин влез со можност за извонредна заработувачка за оние кои ќе успеат да го изградат бизнисот.
Но истите овие квалитети го прават привлечен за многу кои НЕ СЕ вистински подготвени да бидат сопственици на бизнис – ниту искуствено ниту карактерно.
Подолу се набројани карактеристикитете на луѓето за кои овој модел би бил привлечен:
- Не им одело добро во нивниот бизнис или професија и имаат малку пари за инвестирање во сопствен бизнис;
- Немаат претходно искуство со сопствеништво или раководење на бизнис;
- Немаат искуство со воспоставување на професионални односи надвор од вообичаените вработен/газда/колега релации;
- Се незадоволни со приходите кои ги имаат во моментот;
- Имаат нереални очекувања за количината на време и работа кои треба да се внесат во бизнисот за да истиот успее;
- Не го имаат доволно добро дефинирано за себе зборот долгорочно.
Да не ме разберете погрешно – не велам дека овие работи се погрешни или мотивацијата на луѓето е лоша за старт на сопствен бизнис, туку едноставно кажувам дека ова важи за поголемиот дел од луѓето кои “се обидуваат“ да го работат мрежниот модел и не се подготвени да се менуваат и растат со цел да успеат во истиот (или во било што во животот).
Како резултат многу networker-и на терен го прават следното:
- Ја претставуваат можноста на начин на кој толку многу ја “продаваат“ што луѓето потоа на улица ги избегнуваат;
- Премногу зборуваат за бизнисот во ситуации кои се неформални по природа;
- Звучат “очајно“ за другата страна;
- Премногу се фокусираат на регрутирање нови членови без доволно да им обрнат внимание на постоечките;
- Полуточно или неточно го претставуваат бизнисот во кој се впуштиле.
Повторно, не велам дека ова ги опишува мнозинството на networker-и, но ги опишува доволен број од истите за им ја наруши репутацијата на сите. Со ова ќе додадам дека да судите некого врз основа на недостатоците на некое малцинство на кое тој/таа не припаѓа не е фер и секако не е мудро за вас доколку се работи за реална можност која може да ви помогне во животот.
Тогаш кое е решението?
За се има прв пат. Има прв пат и за мрежен маркетинг или МЛМ. Вистината во пракса е дека мрежниот маркетинг е огромна и легитимна можност за луѓето да го изградат својот прв бизнис, да научат продажба, менаџмент итн. Главната порака е – препознајте го мрежниот маркетинг за тоа што е: тоа е бизнис, а вие сте сопственик на тој бизнис. И ако никогаш претходно не сте биле сопственик на бизнис и никогаш не сте работеле продажба и не сте го работеле тој фамозен “networking“, треба да научите како се работи тоа и истото да го учите не само од вашиот ментор/спонзор туку и од етаблирани експерти на тоа поле.
Оние кои работат мрежен маркетинг и се сериозни во намерата за градење на сопствениот бизнис би требало да читаат и учат за основите на градење сопствен бизнис, за најновите техники на продажба и маркетинг, стратегии за градење мрежи и развивање бизниси и слично. Не е доволно да си раскажувате искуства со вашиот тим на неделна или месечна база и да се тапкате по рамо или да ги “горите“ вашите контакти без да сте доволно изградени како личност која ќе ги води истите во градење на сопствен бизнис. Не е доволно да бидете прв и да го почнете бранот. Не е доволно ништо освен комплетна свесност дека сте отвориле своја фирма и истата треба да ја водите со умешност на најдобар можен менаџер.
За крај запаметете:
Ако се однесувате како сопственик на мал бизнис, така ќе бидете и третирани.
Aвтор: Коста Мицковски генерален менаџер на Синергија Плус – Прва Агенција за финансиска писменост во Македонија. За повеќе информации за како помудро со личните финансии посетете го веб порталот на http://www.sinergijaplus.com/http://www.statija.mk/archives/1112

превземена статија од www.statija.mk

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Како да го зголемите потенцијалот и да успеете да го материјализирате вашиот сон?

Им благодарам на Тони Робинс,Френ Керн,Џон Риис за ова видео, го гледав повеќе од шеесет пати.Разбрав и си велев зашто сум се ограничувал цело ова време кога све е возможно и све зависи од мене.За прв пат ги отстранив бариерите, си ги поставив целите да заработам милион долари, да уживам на плажите во Мајами,Рио,Л.А, да нуркам по тропските острови, да ги јавам слоновите низ Тајланд, да ги истражам старите култури во египет, кина,јужна америка, да ги истражувам мистериите за лок нес, елдорадо, да го вкусам светот. Не е ова сон ова е план што го реализирам...ЗНАМ КАКО. Сакам да ги споделам со вас целите и видеото кое ми го смени ставот и филозофијата. Излезете од комфорната зона и одвоите 40 минути за вас







                                 превземено од мојот facebook wall

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Не ја читај оваа статија... до моментот кога ќе одлучиш да стекнеш богатсво (3/3)дел


 ФИНАНСИСКИ ПРОИЗВОДИ

Еден од најголемите предизвици во денешно време особено на еден млад човек, на млад пар или пак на дел од студентите од другите градови од Македонија кои сакаат да живеат во Скопје ќе се согласите со мене е купување на прва недвижност или сопствен дом. Ако го видиме денес пазарот на недвижнини ќе заклучиме дека ни се потребни за стан од големина 40-50кватрати околу 40,000евра.

Понекогаш големите финансиски цели се решаваат со користење на финансиски производи. Сакам да издојам некои трошкови и обрски кои сметам се битни на секој кој му недостасуваат пари да купи стан или куќа и сака да користи финансиски алатки со цел да дојде до сопствен дом. Во оваа статија ќе дадам примери на трошковите и обврските на хипотекарните станбени кредити, субвенционираните кредити од проектот на владата купи куќа купи стан и инвестициските фондови

ХИПОТЕКАРЕН СТАНБЕН КРЕДИТ

На почеток да видиме и да ги забележиме сите трошкови и обврски за користење хипотекарен станбен кредит со цел да дојдете до сопствен дом.

За да купите стан од 40.000евра потребна е хипотека на недвижен имот во вредност од 133%-250% од износот на кредитот, со други зборови потребно е минимално учество од 10.000евра и да го ставите под хипотека станот што го купувате за 30.000 евра кредит                                   
Каматната стапка ако платата ја подигате преку банката е 7,43% , а преку друга банка 7,75%,за овие параметри ратата ќе биде приближно 208евра до 225евра за отплата од 30 години период или вкупно ќе вратите од 75.000евра до 81.100 евра

Почетните трошкови се важни за да знаете на што сте за да нема изненадувања              

-Апликативни трошоци: 250 до 500 денари  
-Нотарските трошоци за регистрација на хипотеката и упис во катастар моето искуство е12.000ден 
-проценител и проценка на хипотеката 4.000 ден и различно во зависност од локацијата на имотот 
-Административни трошоци: 1,25% на износот на одобрениот кредит, еднократно за 30.000евра = ќе ве чини 375евра 
-годишните трошоци за осигурување на имотот кој се остава под хипотека 1500 ден годишно 
-не знам дали е во сите банки но мене ме изненади курсната разлика, имајте го на ум во случај да го купувате станот во евра банката ги исплаќа парите во денари според среден курс на денарот а тој што ви го продава станот ги бара парите во евра вие ќе треба да купите евра по продажен курс и валутната разлика ме чинеше 14.000ден

Ако пресметате ќе видите дека за овој пример почетните трошкови ќе бидат од 800 до 900евра и 30години отплата со месечен аниунитет од 208 до 225евра или вкупно за станот што ќе го купите во вредност од 40.000евра вие ќе платите од 75.000евра до 81.100евра и обврска да го осигурувате имотот кое ќе ве чини 1500ден годишно

Каматните стапки се променливи и од тоа зависи дали вашите пресметки ќе се разликуваат низ годините .Промоциите со намалени каматни стапки од една или три години фиксни не ги вклучив во пресметките.Бидејки тие ви помагаат само за тие години и не ја менува многу целосната слика


Уште еден пример од друга банка извор http://bit.ly/oCggHC од 26.01.12

За истата цел да купите стан од 40.000-42.000евра потребна е хипотека на недвижен имот (1,4:1 до 3:1) потребно е минимално учество од 12.000 евра за да можете да го ставите под хипотека станот што го купувате за кредит од 30.000евра

каматната стапка ако платата ја подигате преку банката е 7,0%, а преку друга банка  7,5% за овие параметри ратата ќе биде приближно 200евра до 210евра за отплата од 30 години период или вкупно ќе вратите од 72.000евра до 75.600 евра

почетните трошкови и провизии ќе бидат                                             

-300 ден за аплицирање                                                         
-Нотарски трошоци за регистрација на хипотеката и упис во катастар моето искуство 12.000ден 
–проценител 2.000ден за проценка                                                   
-Административни трошоци 1,25% или 375 евра еднократна провизија за примателите на плата преку банката и 1,5% или 450 евра еднократна провизија за тие што не ја примаат платата преку банката 
- 1 меница од 500,00 МКД                                                                    
-Трошоци за осигурување на имотот кој се остава под хипотека  1.500 ден годишно        
-курсна разлика како и во горниот пример ќе дадеме 14.000ден

Ако пресметате ќе видите дека за овој пример почетните трошкови ќе бидат од 900 до 1000евра и 30години отплата со месечен аниунитет од 200 до 210евра или вкупно од 72.000 до 75.600 евра и обврска да го осигурувате имотот кое ќе ве чини 1.500ден годишно

КУПИ КУЌА КУПИ СТАН

Во овој период почна кампањата купи куќа купи стан http://www.kupikukakupistan.gov.mk/  и владата преку министерството за финансии ќе субвенционира кредити преку два модела

-пола пола рата за првите пет години                                                   
-50% учество за купување стан

Во моделот пола пола рата за првите пет години  
е проект кое е планирано субвенционирање на ратата за првите пет години и сретсвата се неповратни, а каматата за првите 3 години е 4,99% а следните години е со променлива каматна стапка

Да земеме пример дека сакате да купите стан вреден 40.000евра и за тоа ви требаат 30.000евра кредит со рок на плаќање на 20години.Каматна стапка е 4,99% за првите три години и ратата ќе биде 200 евра од кои владата ќе ја плаќа половина од ратата,а вие ќе плаќате по 100евра за овој период.Или вкупно за периодот од првите три години вие ќе одвоите 3.600евра од 7.200евра

Во следните две години каматната стапка да претпоставиме ќе биде како актуелните средна 7,5%.Ратата за овие години ќе биде 240евра од кои вие ќе плакате месечна рата од 120евра. Вкупно за тие две години за кредитот ќе бидат вратени 5.760евра од кои вие ќе одвоите 2.880евра.Во следните 15години ратата за кредитот ќе биде 240 евра или вкупно за тие 15 години вие ќе платите 43.200 евра

За да купите стан со помош на овој услов за пола рата за првите пет години, ќе ви требаат  10.000евра учество и околу 1.000евра за почетни влезни трошкови и вкупно за кредитот 49.600евра. За станот што ќе го купите во вредност од 40.000евра вие ќе платите над 60.000евра.Корисниците на овој кредит во првите пет години ќе јадат мед со лажичка а во следните петнаесет години лајна со кутлача

Вториот модел на субвиниционирани кредите 50% учество за купување стан, е математика што се пресметува како во примерите што ги споменав за кредите .Олеснувањето е во учеството што го покрива државата.

За овој модел за кредит од 30.000 евра на 20 години со каматна стапка во зависност од банката  во просек со каматната стапка од 7,5% потребни ќе ви бидат од 5.000евра до 6.000евра учество во зависност од која банка ќе го подигнете кредитот а другите пари ќе ги покрие владата, почетните трошоци ќе бидат околу 1.000евра со месечна рата од 240евра. Вкупно ќе вратите за кредитот 57.600 евра и на крајот ќе морате да ги вратите тие 5.000 или 6.000 евра што ви ги дала владата како субвенција за 50% учество назат на пет еднакви рати по дваесете години.
За станот што ќе го купите во вредност од 40.000евра вие ќе платите од 68.000евра до 70.000евра

Забелешка:Секој што ќе купи стан со хипотекарен кредит не е сопственик на станот до оној момент додека не ги отплати договорените обврски,односно е под кирија кај банката 20-30години во зависност од времето на исплата на долгот.Препорачувам да ги пратите интернет страниците на банките во делот продажба на имот зошто таму можете да начекате поевтини станови кои ги продаваат банките, но на истото место ќе се соочите со суровата реалност на луѓето кои се радувале кога купиле имот со кредити а кризата која им се случила во животот ги соочиле со банките и извшителите.

Кога влегувате во договор со банката потребно е да ја знаете правната регулатива и моја препорака е да се консултирате со правни лица да ви дадат одговор на прашањето - Каматната стапка е променлива и банката има право да ја менува каматната стапка?, и да се консултирате со финансиските советници за да одговорат на прашањето – Што е каматно каматен ефект?

ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
Какви се трошковите и обврските за користење на отворени инвестициските фондови со цел да дојдете до сопствен дом?

На кратко за секој кој не знае што се отворените инвестициски фондови (ОИФ) тоа е посебна форма на имот, без својство на правно лице, претставуваат институции за здружено инвестирање т.е професионални управувани форми на инвестирање, кои се основаат со цел здружување на паричните средсва од домашни и/или странски физички и/или правни лица, кои потоа се вложуваат на светските и домашниот пазар на капитал во најразлични форми хартии од вредност: акции, обврзници,записи, депозити, злато и сл. Со собраните сретсва во фондот управува друштвото за управување со инвестициски фондови. http://www.kd-fondovi.mk/

Предности:

• Атрактивна добивка (светскиот просек е 12-15% на годишно ниво). И покрај фазите на паѓачки пазари, фондовите остваруваат двоцифрен просечен раст на годишно ниво, затоа што растот на цените на акциите го надминува нивниот пад;

• Ликвидност. Парите не се орочени и можете да располагате со нив во било кое време. Во моментот кога ќе одлучите дека ви требаат дел или сите ваши пари, сè што треба да направите е да пополните барање за откуп на удели и во рок од седум календарски дена, парите ќе легнат на вашата трансакциска сметка;

• Професионално управување на капиталот. Не треба да имате големи познавања за пазарите на хартии од вредност, тоа за вас го прават стручни лица, фонд менаџери;

• Диверзификација на ризикот. Капиталот се инвестира во голем број хартии од вредност. Зависно од политиката на инвестирање на фондот, вашите средства можат да бидат инвестирани на пример во хартии од вредност на компании на Балканот или низ целиот свет;

• Не треба висок почетен капитал (минималната уплата е 1.000 денари);

• Можност за флексибилно уплаќање по ваша желба

• Висока транспарентност (секој ден знаете колку е вашиот имот во фондот);

• Висока контрола на работењето. Комисијата за хартии од вредност на Р. Македонија е телото кое ја регулира работата на друштвата за управување со фондови. Потоа тука е и депозитарната банка, како и независни ревизорски куќи. http://sasogorgijevski.blogspot.com/2011/06/blog-post_12.html

На пример сакате да купите стан што вреди 40.000евра Правите план за реализација и договор за програмирана уплата со месечни купувања на удели во вредност од 110евра во наредните 148 месеци или вкупно вложени сретства 16.280евра.Светскиот просек на добивка е од 12-15% и очекуванате сретсва по 12години ќе бидат од 37.300-47.100евра доволни да го реализирате планот за купување стан од 40.000евра.Трошковите кои се поврзани со овој план ке бидат влезните трошкови кои над 1,000.000ден се 2,9% од вложените средсва во овој план се 472евра, и на крајот при продажбата на уделите се одданочува добивката кој во овој момент е помалку од 10%

Вие ќе платите 16.280евра за по 148 месеци да имате 37.300-47.100 евра реализајки ја целта да купите стан од 40.000евра, со влезни трошкови 472евра.Станувате сопственик на стан по 12 години со месечни уплати од 110евра .Пресметките можете да ги правите на инвестициски калкулатор  http://www.sinergijaplus.com/index.php?option=com_wrapper&view=wrapper&Itemid=169&lang=mk

За споредба тие што ќе го користат кредитот како алатка ќе платат дупло и повеќе за вредноста на кредитот и дупло повеќе за влезни трошкови и ќе станат сопственици за 20-30години плакајки кирија на банката за тој период”. Тие кои ќе инвестираат во инвестициски фонд ќе бидат сопственици на стан за 12години и ќе платат дупло помалку од вредноста на станот и дупло помалку за ратата.Во разговор со некои луѓе кои им го препорачав инвестициските фондови како решение за сопствен дом често ме прашуваат :А каде ќе живеам 12години сакам решение сега?

За големите финансиски предизвици се носи одлука сега. Треба секој да е свесен дека за све има своја цена. Користењето финансиски производи со себе повлекуваат месечни обврски и ако немате каде да живеете месечните обврски ќе бидат од 220-250евра и тоа 110евра месечна обрска за купување удели во инвестициски фонд а останатите за месечна кирија во наредните 12години

сите прашања и нејаснотии поврзани со личните финансии и личен раст и развој бидете слободни да ме контактирате на sasogorgijevski@yahoo.com

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS