4 СОВЕТИ КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИШ ОД ДОЛГОВИТЕ

Не знам дали ќе се сложите со мене, но живееме во време каде што банките ја имаат една од најважните улоги во животот на луѓето. Како никогаш до сега, тие со своите агресивни маретинг кампањи ве повикуваат да бидете сопственик на материјални нешта и задоволства кои реално не можете да си ги дозволите. Ви дозволуваат две-три плати во минус на тековна и “супер услови“ на кредитната доколку станете нивни клиент и сте корисник на еден од нивните кредитни производи. Толку многу луѓе во Македонија се зависни од банкарскиот кислород(читај кредит) што на улица често ја сретнуваш изјавата “Сите се со кредит, не може да се живее без него“ или “Кога и како ќе купам кола или стан ако не земам кредит.“ Многумина од вас кои го читате текстот во моментов, ќе се најдете во оваа група на задолжени граѓани и ќе ве фати нервоза и ќе си речете “еве уште еден текст во кој што “ќе ни солат памет“. Мојата намера не е воопшто таква, јас ќе се обидам да ви дадам четири едноставни совети кои мене лично ми помогнаа кредитниот менталитет да го сменам со домаќински менталитет и полека но сигурно да излегувам од догловите. Се надевам дека кај дел од вас кои сте во долгови и не сте единствени на оваа планета ќе ве потикнам да превземете акција, а успехот на чистењето на минусите и кредитите ке зависи само од вас и тоа дали се придржувате до планот или не.


Совет број 1.
СООЧИ СЕ СО ТВОЈОТ ДОЛГ

За да почнеш да го решаваш проблемот, прво мора да признаеш дека има проблем. Соочи се со ситуацијата, колку и да е лошо искуството и создава горчина, напиши ги сите долгови за да имаш јасна слика за моменталната ситуација. Кога си го направил тоа веќе е направен првиот чекор, одлуката е донесена. Желбата да бидеш финансиски слободен човек е тука, следат следните чекори.

Совет број 2
ПОЧНИ СО НАЈЛОШИОТ КРЕДИТ

Први на листата ставете ги долговите од кредитните картички. Револвинг кредитните картички се вистински крадци на вашите пари. Исплатете ги прво нив, а потоа затворете ги или исечете ги истите. Почнете да трошете онолку колку што имате, поченете го животот без “пластичните другарчиња“. Потоа следуваат долгорочните кредити, како што се хипотекарните стамбени кредити. Пробајте да ја зголемите ратата ако дозволува договорот, се со цел предвремено да се ослободите од него, затоа што каматно каматниот ефект на долг рок прави да вратите многу повеќе од она што сте позајмиле. Овде випосакувам истрајност и решителност, а чуството кога ги затворате минусите ќе ви биде награда за покажаната дисциплина.

Совет број 3
НАПРАВИ БУЏЕТ

Целта на ова е да имаш контрола на своите приходи, обврски и трошоци. Научи да го следиш паричниот тек на твоите пари. Доколку ти оди тешко овој дел, посети некој семинар за лични финансии, ќе ти помогне да научиш да бидеш сметководител на твоите пари. Потоа ќе знаеш каде можеш да скратиш и да заштедиш од твоите трошоци, а ако тоа не е доволно почни да размислуваш за дополнителен приход.


Совет број 4
ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРИХОД

Да претпоставиме дека си вработен и немаш дополнителни 8-10 часа за да работиш уште една работа. Значи треба да се фокусираш на нешто што не одзема многу време, а нема да ти пречи на сегашната работа која ти помага во планот за враќање на кредитите.Постојат многу можности кои обезбедуваат дополнителен приход. Една од тие што многу финансиски успешнии слобдни луѓе ја препорачуваат е мрежниот маркетинг. Во него ќе научиш многу а ќе добиеш можност да изградиш сопствен бизнис и пасивен приход. А тоа значи раздолжување и чекорење кон финансиската слобода, каде што ги нема сметките од банка, а имаш слободно време за себе и најблиските.
Ова се дел од советите што мене ми помогнаа да почнам да се ослободувам од обвските и сигурно да чекорам кон патот на финансиска слобода. Истите можат да ви помогнат и на вас доколку имате желба, истрајност и сте спремни да превземете акција.

ВИ ПОСАКУВАМ СРЕЌА

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Правило 72


Правилото 72 е математичка равенка односно ментална кратенка. Оваа ментална кратенка е за да се процени ефектот на било која стапка на раст, за брзи финансиски пресметки. Еве ја формулата:

72 / каматна стапка = Години да се дуплира инвестицијата

Оваа формула е корисна за брза финансиска проценка и за разбирање на духот на каматно каматен ефект. Да земеме неколку примери:
* инвестиција со раст 6% на твоите пари се 72 / 6% или 12 години да се удвои.
* Да ги дуплираш твоите пари за10 години, потребна е каматната стапка и тоа се пресметува 72 / 10год =7,2%.
* Може да пресметаш и ако БДП на Македонија се зголемува на 3% годишно, економијата ќе се зголеми двојно со равенката 72 / 3% или 24 години.
* Ако твојот раст е 2%, тоа ќе се зголеми двојно за 36 години. Ако растот се зголемува на 4%, тоа ќе се дуплира за18 години.
Може да го користиш правило 72 за трошоците како инфлација
* Ако стапката на инфлација е од 2% до 3%, парите ќе ја изгубат својата вредност за половина на 36 или 24 години.
*Кога купуваш автомобил а немаш доволно пари во една од нашите банки ти нудат автомобилски кредит со 12% каматна стапка во денарска вредност до 7години или како поволност да ја подигаш платата од нивната банка каматната стапка за кредитот ќе биде 10,8%, можеш да пресметаш дека на банката ќе и вратиш повеќе од дупло за 7 години , 72 / 10,8 = 6,6год односно ако автомобилот си го купил за 10000евра на кредит, реално за него ќе платиш повеќе од 20000евра
Или ќе креираш план за купување автомобил и инвестираш 5000евра во инвестициски фонд кој прави добивка од 12% до 15% ,ќе ја дуплираш инвестицијата на 10000евра за 6 години односно 4,8години.Може да се каже ќе купиш автомобил што чини 10000евра за дупло помалку пари

Користењето на оваа магична формула е да се дознае колку долго е потребно за пари (или нешто друго), да се зголеми двојно за одредена каматна стапка.


искористете го правило 72 за ваша добивка. Среќна математика
http://www.calculatorpro.com/rule-of-72-calculator/ калкулатор

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Како може со мали депозити да креираш богатсво

Ако сте задолжени и веќе сте го започнале процесот на враќење на долгот веќе сте на патот на слободните луѓе , тогаш без сомнеж веќе имаш креирано план и имаш буџет за контрола на својата потрошувачка. Епа сега е време да започнеш со штедење. Треба да мислиш на заштедата не само како добра работа што треба да се направи, туку одговорност спрема себе. Ако се потпираш на државата да се грижи за тебе, или планираш државата да те пензионира и социјално да те осигура, се плашам дека треба да те разбудам. Ти треба да заштедиш пари со цел да си ја обезбедиш својата финансиска иднина.

Вообичаениот приговорот што го добивам во овој момент е: "Ма какво штедење , јас со мојава плата можам само да платим сметки и за храна?" Заштедата може да изгледа како невозможна задача во моментов. Но, можам да те уверам дека ако не започнеш да штедиш, никогаш нема да се извлечиш од долговите и никогаш нема да го изградиш богатството што го сонуваш.

Почни со мали заштеди, но битно е мора да се почне.
Направи буџет и план за трошење, да запишеш каде ќе ти одат парите и додади уште една ставка “заштеда”. Ова ставка заштеда во списокот ќе ја ставиш на прво место таму горе на врвот на твојот потрошувачки план дури и пред киријата и комуналните обврски . Ова е она што постарите ми велеа прво ќе си платиш за себе па потоа за другите.

Твојата цел треба да биде да заштедиш не помалку од 10% од твојот приход. На почеток може и да не биде можно. Но битно е да почнеш дури и ако тоа е само заштеда 1% од приходот. Следно ќе ги испиташ твоите потрошувачки навики од поблиску и да видаш дали има нешто друго што може да се намали со цел да ја зголемиш заштедената сума. Наместо да купиш доручек на работа да си спремиш од дома или наместо да го пиеш кафето во кафич да ги викнеш пријателите дома,одење на работа со велосипед и слично.
Но ако навистина трошоците и кредитите се нож до коска , види дали постои нешто што може да се направи за да се зголемат приходите.

Бидете креативни. Сигурен сум дека со малку размислување и напор може да најдеш начин да ги зголемиш твоите заштеди до 10%. Ако ти е тешко да ги тргнеш парите ,тогаш ќе одиш во банка и ќе ги овластиш да ти тргнат10% од платата автоматски на друга сметка или штедна книшка пред да ги видиш парите, тоа е добар потек дел од платата дирекно да оди во заштеда
Во што можат да прераснат редовни мали уплати? Ако инвестираш само 2000ден.месечно во инвестициски фонд кој прави по 15% годишна добивка по 25 години заштедата(инвестицијата)ќе прерасне во 6.568.000ден или 107,000евра Ако инвестираш 3500ден месечно во инвестициски фонд кој прави по 15% годишна добивка по 25 години инвестицијата ќе прерасне во 11.494.258ден или 187,000евра. Дури и малите уплати може да ти направат богатсво добиени со текот на времето.

Без оглед на твоите цели за иднината подобро е да ги спасиш сега отколку да не ги реализираш никогаш
Не постои ништо поубаво како мир во умот кога ќе реализираш крупна цел како стан, школување дете , приватна пензија или состојбата кога имаш доволно пари кога нема повеќе стрес,нема повеќе грижи, нема повеќе долгови.

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Штедливите Македонци | Статија.мк

Штедливите Македонци | Статија.мк: "Штедливите Македонци
Штедливите Македонци

По дефиниција, штедењето претставува чување на материјални добра или пари како одреден облик на богатство преку одложување на потрошувачката на новоформираниот приход. Примарен мотив за одложување на потрошувачката е нејзино адекватно трошење во даден иден период. Штедењето претставува основен извор на создавање капитал, кој без практична апликација се сведува на тоа дека штедењето произведува само економски немотивиран капитал, односно на парите кои останале непотрошени им се ускратува инвестиционата моќ.

Кон крајот на 2009 година во печат излезе информација дека македонските граѓани се одлични штедачи и дека по глава на жител во Македонија има приближно 1.000 евра во форма на депозит во Македонските банки. Се обидов да направам анализа на база на овие податоци и да дојдам до сознание колку Македонците како народ ги користат другите форми на штедење и ги насочуваат своите заштеди во други финансиски продукти на македонскиот пазар. По направената анализа и истражување добив податок дека банките како финансиски институции се неприкосновени во споредба со новите и помалку познати финансиски продукти како хартиите од вредност (акции, обврзници, записи), инвестиционите фондови, полисите за животно осигурување и доброволните пензиски фондови. (Само за споредба, вложувањата во инвестиционите фондови изнесуваат помалку од 1 евро по глава на жител). Ваквата нерамномерна распростанетост на паричниот капитал на македонските граѓани укажува на тоа дека познавањето на останатите финансиски продукти е на многу ниско ниво и дека неинформираноста за карактеристиките на истите е главната пречка поради која граѓаните се држат до традиционалната форма на банкарско штедење и чување на парите под перница. Сите финансиски продукти имаат одредени предности и слабости кои ќе ги разгледаме во понатамошниот дел од тестот.

Орочен депозит во банка

Предности:
• При потешкотии во работењето на банката, државата гарантира за парите до одредена сума;
• Однапред позната каматна стапка.

Недостатоци:
• Трошоци при раскинување на договорот за штедење. Имено, доколку сакаме предвреме да го раскинеме договорот за штедење и да ги подигнеме средствата, банките најчесто наплатуваат одредени провизии, а истовремено ја губите и претходно очекуваната камата;
• Ниски камати кај временски пократките периоди на орочување на депозитот;
• Променливи каматни стапки. Каматата може да се промени во текот на штедењето, а поради договорот не можете да го прекинете штедењето без додатни трошоци;
• Опасност од девалвација на денарот (доколку депозитот е денарски).

Хартии од вредност се достапни за купување на Македонската Берза преку посредство на брокерска куќа, при што вие директно инвестирате во саканите хартии од вредност. Давањето на налози за купување и продавање на хартиите од вредност го правите вие самостојно, основано на ваша одлука ако имате доволно време, знаење и искуство да во континуитет го следите движењето на цените на акциите на пазарот на хартии од вредност, како и потребните информации околу таргетираните компании.

Предности:
• Можност за големи добивки (во фаза на т.н. биков или растечки пазар);
• Потполна слобода во вложувањето;
• Исплата на дивиденда кај одредени акции.

Недостатоци:
• Висок ризик од загуби поради пад на цените на акциите предизвикан од различни фактори: лоши вести, фаза на т.н. мечкин или паѓачки пазар, лоши финансиски резултати на компаниите, итн.;
• Релативно високи трошоци на тргување при често купување – продавање (брокерски провизии и берзански такси);
• Потребен е релативно висок почетен капитал за вложување доколку сакате да го намалите ризикот од загуба и да создадете портфолио од повеќе акции;
• Ликвидност, односно неликвидност. Ова е карактеристично за малите, неразвиени пазари на хартии од вредност како македонскиот. Тоа значи неможност да во секое време ги уновчите вашите хартии, поради едноставна причина што на другата страна нема купувач!

Животно осигурување

Предности:
• Загарантирана осигурана сума во случај на смрт во времетраењето на полисата, од моментот на првата уплата и во зависност од општите услови на користената полиса;
• Можност да се искористи полисата како гаранција при подигање на кредит;
• Можност за прекин на плаќањето на полисата во краток временски период (најчесто една до две години).
Недостатоци:
• Обврзувачки договор (ве обврзува да плаќате претходно определен износ на рата, високи пенали во случај на предвремено искористување или неплаќање на премијата – ратата;
• Нетранспарентност (не сме во можност да го знаеме точниот износ на моменталните средства со кои располагаме);
• Високи провизии

Доброволни пензиски фондови овозможуваат дополнително да си обезбедите средства за пензија кои се уплатени на ваша лична сметка и кои со текот на годините се оплодуваат. Уплатените средства се регулирани со законска рамка и спаѓаат во релативно сигурна инвестиција.

Предности:
• Сигурност на средствата на пензискиот фонд (контрола од страна на МАПАС- агенција за капитално финансиско пензиско осигурување);
• Диверзификација на ризикот на инвестициите

Недостатоци:
• Штедачот во пензискиот фонд не може да ја подигне заштедената сума најрано 10 години пред остварувањето на правото на старосна пензија;
• Релативно ниски приноси (долгорочните приноси на ваквите фондови во светот се движат помеѓу 4-5% годишно бидејќи инвестиционата политика има многу законски ограничувања, сè со цел заштита на капиталот);
• Трошоци за преминување од еден во друг доброволен пензиски фонд.

Отворените инвестициски фондови (ОИФ) (посебна форма на имот), претставуваат институции за колективно инвестирање т.е. професионално управувани форми на инвестирање, кои се основаат со цел здружување на парични средства од домашни и/или странски физички и/или правни лица, кои потоа се вложуваат на светските и домашниот пазар на капитал во најразлични хартии од вредност: акции, обврзници, записи, депозити, злато и сл.

Недостатоци:
• Нема точно утврдена годишна каматна стапка – добивка;
• Ризикот може да са окарактеризира како среден, особено кај акциските инвестициони фондови кои во фазите на мечкин (паѓачки пазар), паѓаат исто како и акциите во кои имаат вложено.

Предности:
• Атрактивна добивка (светскиот просек е 12-15% на годишно ниво). И покрај фазите на паѓачки пазари, фондовите остваруваат двоцифрен просечен раст на годишно ниво, затоа што растот на цените на акциите го надминува нивниот пад;
• Ликвидност. Парите не се орочени и можете да располагате со нив во било кое време. Во моментот кога ќе одлучите дека ви требаат дел или сите ваши пари, сè што треба да направите е да пополните барање за откуп на удели и во рок од седум календарски дена, парите ќе легнат на вашата трансакциска сметка;
• Професионално управување на капиталот. Не треба да имате големи познавања за пазарите на хартии од вредност, тоа за вас го прават стручни лица, фонд менаџери;
• Диверзификација на ризикот. Капиталот се инвестира во голем број хартии од вредност. Зависно од политиката на инвестирање на фондот, вашите средства можат да бидат инвестирани на пример во хартии од вредност на компании на Балканот или низ целиот свет;
• Не треба висок почетен капитал (минималната уплата е 1.000 денари);
• Можност за флексибилно уплаќање по ваша желба (нема договори);
• Висока транспарентност (секој ден знаете колку е вашиот имот во фондот);
• Висока контрола на работењето. Комисијата за хартии од вредност на Р. Македонија е телото кое ја регулира работата на друштвата за управување со фондови. Потоа тука е и депозитарната банка, како и независни ревизорски куќи.

Ова се најосновните карактеристики на алатките кои ни се достапни на финансискиот пазар во Македонија и истите ни служат како можност за пласирање на нашите пари кои ќе останат непотрошени. Наша цел е да ви помогнеме во донесувањето на одлуката да почнете да штедите, или уште подобро да инвестирате. Изборот е секогаш само ваш. Стравот се јавува како плод на незнаењето, а незнаењето во врска со вашите лични финансии може да ве чини скапо.

Aвтор: Томислав Трајков е овластен соработник на Синергија Плус – Прва Агенција за финансиска писменост во Македонија. За повеќе информации за како помудро со личните финансии посетете го веб порталот на http://www.sinergijaplus.com/

- Sent using Google Toolbar"

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Познавајки се себеси е клучот за финансиски успех


Една од најдобрите работи кои  можеш да  ги направиш кога ти недостасуваат пари ако сакаш да постигнеш  финансиски успех е да бидеш искрен и да се познаваш  себе си. Многу луѓе не знаат што сакаат, која е нивнита насока , и начинот на нивното однесување влијае на нивните финансии.
Што значи тоа да се познаваш себеси? Ќе набројам  повеќе работи. Некои луѓе може да имаат проблеми со некои или сите од овие долунаведени  области.
Да ја откриеш причината трошење: Дали едноставно можеш  да не купиш работи како популарни брендови, ДВД, облека? Дали во продавница влегувате кога сте тажни, среќни, или ви е досадно? Ако си во друштво и сте излезени и другите трошат пари дали се почувствуваш повикан да потрошиш и ти пари ? Советот е кога ќе купиш нешто, запишиси  што купи колку чини и што чуствуваше во тој момент. Запишувај све што купуваш. Ти по тоа ќе почнеш  да препознаваш  што се случува во моментот кога купуваш, а потоа можеш да креираш  стратегии за да се справиш со трошењето, кои те доведува до ...

Да знаеш како да се справиш со искушение: Можете  ли да бидете среќни останувајки дома и да не се оди во продавници, или ќе мора да се оди и наполни количката? Некои луѓе можат да се откажат од трошење на некои богати јадења кои и не се потребни. Или ако веќе не можеш а да не отидеш оди од дома со спремно пусулче , тоа е подобро отколку да се опуштиш во трошење , ќе заштедиш  1000ден. Ако знаеш како да се контролираш кога имаш предизвик на купување и си искрен  во врска со твојата слабост  тоа ќе ти помогне да се здобиеш со контрола.

Да ги познаваш твоите граници: Некои луѓе можат да бидат многу среќни живеејки скромен живот. Други ќе бунтуваат ако се принудени да ги намалат трошковите премногу. Запознај се со колку далеку можеш  да одиш  пред  да пропаднеш. Не можеш да спасиш многу пари, но можеш  да се доведеш до твоето  ниво на удобност. Секогаш можеш  да експериментираш  со тоа како може да се биде скромен, но ако почнеш  да се чувствуваат непријатно, се повлекуваш  пред  да пукнеш.

Да ги познаваш своите желби : Што ти навистина јадеш и употребуваш? Да речеме ќе купувам здрава храна. Но, ако знаеш дека никогаш нема да јадаш зеленчук, купувањето  ќе биде губење на пари. Ако сте си ветиле да имаш некој производ, но никогаш нема  да го користиш, купувањето е  бесцелно. Тоа обично лугето го купуваат поради другите,да речеме комшијата ставил јаки звучници во кола па мора сега и јас. 
Знаеш што сакаш од животот: Дали сакаш да се пензионираш порано? Дали сакаш да поседуваш многу луксузни стоки? Дали сакаш да се преселиш на друг континент? Сакаш поинаква кариера? Нема ништо лошо со било која цел може да ја имаш. Меѓутоа, секоја цел си има своја цена (пари,време).Дали сте спремни да ја платите цената што треба за да се стигне до целта?секое патување има свој старт,твоето е да биде на секоја твоја заработка троши  90% од неа.а 10% од заработката инвестирајте во инвестициски фонд  за да се множат парите и Зголеметеја вашата моќ за учење, да станете паметни, повешти и да си подарите себеси самопочит
текстот е слободен превод од  http://ezinearticles.com/

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Личен развој

Еден од начините да се стигне кон својата цел е да преземеш дневна акција , дури и да е мал дел од акција,но биди сигурен дека си го направил тоа .Замислиси еден фасцинантен аспект на развојот на личноста е моќта на процентот .Ако си 1% подобар во нешто секој ден ,за една година ќе бидеш 365% подобар.Ова се вика цунами,зашто сите бариери ќе ги срушиш, ако продолжиш понатаму стануваш незапирлива машина за акција,или што посакаш имаш






  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Лисицата и зајакот



Лисицата и зајакот
Многу боречки експерти поминале околу оваа приказна. Не знам од каде потекнува, но знам дека тоа е  важно за она што го правиме.
Борецот мајстор е во шумата со своите студенти. Од некаде скокна зајак мног забрзан , лисицата следна зад него, очигледно сакајќи зајакот да биде нејзиниот следен оброк.
Тие гледаа што ќе се случи, за неколку моменти  мајсторот го прашува ученикот: "Кој ќе победи?" Студентот одговори брзо без размислување, "Па, се разбира, тоа е лисицата, таа е посилна и побрза".
Борец мајсторот молчи за неколку моменти да  каже. "Не", тој одговара: "зајакот ќе се извлече." Студентот е збунет: "Јас не разбирам, господару."
"Лисицата", рече борец мајсторот, "го брка зајакот за време на оброк, но зајакот го спасува својот живот."
Мотивацијата е незаменлив клучот за успехот. Виетнамската војна е голема лекција за овој поглед. Едни можат да тврдат дека причината САД што ја  загуби војната е бидејќи американските војници не се борат за своите домови. Тие се борат затоа што им било кажано
Некои може да се каже дека е недостаток на Конгресот за поддршка или мноштво на други фактори кои ја загубија војната, но во крајна линија е дека, човекот е човекот, Виетнамците  беа острите на теренот, тие ја спасуваа својата земја, нивните домови,  фамилиите...
  Поочајни беа американските војници тие едноставно се обидуваа да останат живи, додека нивната турнеја заврши и тие би можеле да се вратат дома.
Тоа е еден пекол во разликата на мотивацијата.

Некои од најголемите деловни успеси во историјата почнаа како мали (и очајни) , но со време стигнале на монументалниот успех.
Тед Николас е дефинитивен пример на зајакот. Тој започна скршен, фрустриран, невработен и деморализиран. Но, бидејќи се борел како зајак за неговиот живот, тој сега е во пензија со милиони долари,
Што е со вас? Дали сте задоволни со она што го имате, безгрижни сте за вашиот статус? Или дали  едноставно си поигрувате со вашиот оброк? Дали сте лисицата?
  Сметам дека вашата иднина лежи во  зајакот. Работете многу на себе, учете и надоградувајте го своето знеање.Користете ги сите техники што сте ги научиле во животот, Борете се секоја битка да е како да се работи за твојот живот.
Бидете зајакот. Продолжете да се движите и никогаш  не престанувајте



P.S


Не заборавајте да оставите коментар



  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS