е проект кое е планирано субвенционирање на ратата за првите пет години и сретсвата се неповратни, а каматата за првите 3 години е 4,99% а следните години е со променлива каматна стапка
БЛОГ НА САШО ЃОРЃИЈЕВСКИ ............................................. Со отворен ум почнува патувањето до финансиска слобода........................... sasogorgijevski@yahoo.com
Размисли за тоа, постојат навистина само две опции, или ќе ја преземеш контролата на твоите пари ..."Што е најголем проблем во Македонија? Невработеноста, здравството, корупцијата? Меѓутничките односи, падот на производството? Стандардот, извозот? Ништо од тоа. Доаѓаме до еден заеднички заклучок дека општо за сиве овие проблеми е- незнаењето. Нашиот главен национален и државен и граѓански проблем е незнаењето". Д-р Димитар Мирчев, професор на ФОН
Токму така, незнаењето е штетно и смртоносно. Ако возите автомобил и не знаете каква е состојбата на возилото, треба да очекуваме трагедија. Поради незнаењето, луѓе починаа од ситни болести кои би можеле да се избегнат. Незнаењето е ризично и опасно. Незнаењето не може да биде изговор за неуспехот во животот. Денес има толку многу информации на располагање во сите области на животот, дури времето во кое живееме се вика ера на информации и тоа повеќето информации се бесплатни. Нешто што сакате да го имате веќе некој друг го направил и ги пренесува своите искуства преку книги, пишување на интернет, ТВ документарци и списанија. Значи незнаењето е избор.
Дали парите се навистина важни?
Улогата на парите во остварувањето на достоен живот е многу важна. Парите се во центарот на сите области од нашиот живот, особено во остварувањето на своите соништа. Без пари целото животно патување станува стресен долг пат. Недостаток на пари може да ги уништи вашите соништа и вашите планови, па дури немањето пари ве обесхрабруваат од добрите напори. Знам дека сте како мене и вие не сакате да бидате во позиција каде ви недостасуваат пари.
Роберт Киосаки авторот на книгата "Богат татко сиромав татко" вели дека луѓето имаат финансиски неуспех, бидејќи не знаат како со пари. Ако имате кредити и сте во долгови, недостатокот на пари и незнаењето како се управува со пари може да го уништи вашиот успех во сите области на животот. Парите можат да ги уништат вашите соништа, да го уништат бракот, дури вашите односи со други луѓе.
Луѓето со слабо разбирање како се управува со пари се принудени да ги поминат најубавите години од својот живот работејки напорно за да преживеат, повеќето се соочуваат со долгови и се обидуваат тешко да заработат за животот наместо да си ги исполни своите соништа. Парите се многу важни, го пишува и во книгата Проповедник "Парите се одговор на сите нешта". (Проповедник 10:19) Значи да имате доволно пари е од клучно значење да ви помогне да ги постигнете вашите цели. Немањето пари е резултат на лошо планирање и игнорирање на клучните закони на парите:
1. Да не го живеете животот над вашите можности и приходи односно "испружи ги нозете колку ти е долга чергата"
2. Заштеди најмалку 10 % од своите приходи.
3. Давање пари, како семе, очекувајќи поврат (Законот за сеењето и жетвата).Односно заштедата од 10% од своите приходи да се инвестира
Кога овие закони на парите се игнорираат, не постои сомневање дека порано или подоцна еден ден ќе се најдете во финансиски дупка, не можејќи да го живеете животот од вашите соништа.Научи ги законите на парите и даонладирај ја бесплатно книгата...finansiski preporod и проверете во Македонија кој може да ви помогне во областа на личните финансии http://www.sinergijaplus.com/ и направете конкретни чекори за постигнување на финансиска слобода
Што откако ќе ја земете дипломата.Секој е заинтересиран да заработи пари. Можеби неколку недели откако сте завршиле со студиите ќе се релаксирате дома. Некако по дифолт да се олади мозокот, Дај му го "одморот што го заслужува". После тоа, ќе се најде некоја работа која нема врска со тоа што сте го учеле и тоа што сакате да го работите но мора да се има приходи да се преживее . Вообичано се почнува со работа во ресторани, бутици, супермаркети .Доаѓа до соочување со тежината и ги прифаќате наредбите,некој мие садови некој ќе стане касиерка итн. Иако работата е тешка,причината што прв пат одите на работа има тенденција да бидете возбудени зашто за прв пат сте заработиле пари. Подоцна, без некоја причина и стални изговори дека нема подобро..., ќе останете да работите таму целиот живот,а може и да ги менувате работните места (исти работа во два примерока),сте разбрале дека без разлика каде и да работите, барањата и одговорностите се донекаде слични. Вашите работодавците не можат да ви дадат зголемување на платата.Во еден од нашите форуми сретнав коментари за тоа како се снаоѓаат младите по студирањето во Скопје а се од другите делови од Македонија.Еве некој
Што е, слобода?Не знам дали ќе се сложите со мене, но живееме во време каде што банките ја имаат една од најважните улоги во животот на луѓето. Како никогаш до сега, тие со своите агресивни маретинг кампањи ве повикуваат да бидете сопственик на материјални нешта и задоволства кои реално не можете да си ги дозволите. Ви дозволуваат две-три плати во минус на тековна и “супер услови“ на кредитната доколку станете нивни клиент и сте корисник на еден од нивните кредитни производи. Толку многу луѓе во Македонија се зависни од банкарскиот кислород(читај кредит) што на улица често ја сретнуваш изјавата “Сите се со кредит, не може да се живее без него“ или “Кога и како ќе купам кола или стан ако не земам кредит.“ Многумина од вас кои го читате текстот во моментов, ќе се најдете во оваа група на задолжени граѓани и ќе ве фати нервоза и ќе си речете “еве уште еден текст во кој што “ќе ни солат памет“. Мојата намера не е воопшто таква, јас ќе се обидам да ви дадам четири едноставни совети кои мене лично ми помогнаа кредитниот менталитет да го сменам со домаќински менталитет и полека но сигурно да излегувам од догловите. Се надевам дека кај дел од вас кои сте во долгови и не сте единствени на оваа планета ќе ве потикнам да превземете акција, а успехот на чистењето на минусите и кредитите ке зависи само од вас и тоа дали се придржувате до планот или не.
