Штедливите Македонци | Статија.мк

Штедливите Македонци | Статија.мк: "Штедливите Македонци
Штедливите Македонци

По дефиниција, штедењето претставува чување на материјални добра или пари како одреден облик на богатство преку одложување на потрошувачката на новоформираниот приход. Примарен мотив за одложување на потрошувачката е нејзино адекватно трошење во даден иден период. Штедењето претставува основен извор на создавање капитал, кој без практична апликација се сведува на тоа дека штедењето произведува само економски немотивиран капитал, односно на парите кои останале непотрошени им се ускратува инвестиционата моќ.

Кон крајот на 2009 година во печат излезе информација дека македонските граѓани се одлични штедачи и дека по глава на жител во Македонија има приближно 1.000 евра во форма на депозит во Македонските банки. Се обидов да направам анализа на база на овие податоци и да дојдам до сознание колку Македонците како народ ги користат другите форми на штедење и ги насочуваат своите заштеди во други финансиски продукти на македонскиот пазар. По направената анализа и истражување добив податок дека банките како финансиски институции се неприкосновени во споредба со новите и помалку познати финансиски продукти како хартиите од вредност (акции, обврзници, записи), инвестиционите фондови, полисите за животно осигурување и доброволните пензиски фондови. (Само за споредба, вложувањата во инвестиционите фондови изнесуваат помалку од 1 евро по глава на жител). Ваквата нерамномерна распростанетост на паричниот капитал на македонските граѓани укажува на тоа дека познавањето на останатите финансиски продукти е на многу ниско ниво и дека неинформираноста за карактеристиките на истите е главната пречка поради која граѓаните се држат до традиционалната форма на банкарско штедење и чување на парите под перница. Сите финансиски продукти имаат одредени предности и слабости кои ќе ги разгледаме во понатамошниот дел од тестот.

Орочен депозит во банка

Предности:
• При потешкотии во работењето на банката, државата гарантира за парите до одредена сума;
• Однапред позната каматна стапка.

Недостатоци:
• Трошоци при раскинување на договорот за штедење. Имено, доколку сакаме предвреме да го раскинеме договорот за штедење и да ги подигнеме средствата, банките најчесто наплатуваат одредени провизии, а истовремено ја губите и претходно очекуваната камата;
• Ниски камати кај временски пократките периоди на орочување на депозитот;
• Променливи каматни стапки. Каматата може да се промени во текот на штедењето, а поради договорот не можете да го прекинете штедењето без додатни трошоци;
• Опасност од девалвација на денарот (доколку депозитот е денарски).

Хартии од вредност се достапни за купување на Македонската Берза преку посредство на брокерска куќа, при што вие директно инвестирате во саканите хартии од вредност. Давањето на налози за купување и продавање на хартиите од вредност го правите вие самостојно, основано на ваша одлука ако имате доволно време, знаење и искуство да во континуитет го следите движењето на цените на акциите на пазарот на хартии од вредност, како и потребните информации околу таргетираните компании.

Предности:
• Можност за големи добивки (во фаза на т.н. биков или растечки пазар);
• Потполна слобода во вложувањето;
• Исплата на дивиденда кај одредени акции.

Недостатоци:
• Висок ризик од загуби поради пад на цените на акциите предизвикан од различни фактори: лоши вести, фаза на т.н. мечкин или паѓачки пазар, лоши финансиски резултати на компаниите, итн.;
• Релативно високи трошоци на тргување при често купување – продавање (брокерски провизии и берзански такси);
• Потребен е релативно висок почетен капитал за вложување доколку сакате да го намалите ризикот од загуба и да создадете портфолио од повеќе акции;
• Ликвидност, односно неликвидност. Ова е карактеристично за малите, неразвиени пазари на хартии од вредност како македонскиот. Тоа значи неможност да во секое време ги уновчите вашите хартии, поради едноставна причина што на другата страна нема купувач!

Животно осигурување

Предности:
• Загарантирана осигурана сума во случај на смрт во времетраењето на полисата, од моментот на првата уплата и во зависност од општите услови на користената полиса;
• Можност да се искористи полисата како гаранција при подигање на кредит;
• Можност за прекин на плаќањето на полисата во краток временски период (најчесто една до две години).
Недостатоци:
• Обврзувачки договор (ве обврзува да плаќате претходно определен износ на рата, високи пенали во случај на предвремено искористување или неплаќање на премијата – ратата;
• Нетранспарентност (не сме во можност да го знаеме точниот износ на моменталните средства со кои располагаме);
• Високи провизии

Доброволни пензиски фондови овозможуваат дополнително да си обезбедите средства за пензија кои се уплатени на ваша лична сметка и кои со текот на годините се оплодуваат. Уплатените средства се регулирани со законска рамка и спаѓаат во релативно сигурна инвестиција.

Предности:
• Сигурност на средствата на пензискиот фонд (контрола од страна на МАПАС- агенција за капитално финансиско пензиско осигурување);
• Диверзификација на ризикот на инвестициите

Недостатоци:
• Штедачот во пензискиот фонд не може да ја подигне заштедената сума најрано 10 години пред остварувањето на правото на старосна пензија;
• Релативно ниски приноси (долгорочните приноси на ваквите фондови во светот се движат помеѓу 4-5% годишно бидејќи инвестиционата политика има многу законски ограничувања, сè со цел заштита на капиталот);
• Трошоци за преминување од еден во друг доброволен пензиски фонд.

Отворените инвестициски фондови (ОИФ) (посебна форма на имот), претставуваат институции за колективно инвестирање т.е. професионално управувани форми на инвестирање, кои се основаат со цел здружување на парични средства од домашни и/или странски физички и/или правни лица, кои потоа се вложуваат на светските и домашниот пазар на капитал во најразлични хартии од вредност: акции, обврзници, записи, депозити, злато и сл.

Недостатоци:
• Нема точно утврдена годишна каматна стапка – добивка;
• Ризикот може да са окарактеризира како среден, особено кај акциските инвестициони фондови кои во фазите на мечкин (паѓачки пазар), паѓаат исто како и акциите во кои имаат вложено.

Предности:
• Атрактивна добивка (светскиот просек е 12-15% на годишно ниво). И покрај фазите на паѓачки пазари, фондовите остваруваат двоцифрен просечен раст на годишно ниво, затоа што растот на цените на акциите го надминува нивниот пад;
• Ликвидност. Парите не се орочени и можете да располагате со нив во било кое време. Во моментот кога ќе одлучите дека ви требаат дел или сите ваши пари, сè што треба да направите е да пополните барање за откуп на удели и во рок од седум календарски дена, парите ќе легнат на вашата трансакциска сметка;
• Професионално управување на капиталот. Не треба да имате големи познавања за пазарите на хартии од вредност, тоа за вас го прават стручни лица, фонд менаџери;
• Диверзификација на ризикот. Капиталот се инвестира во голем број хартии од вредност. Зависно од политиката на инвестирање на фондот, вашите средства можат да бидат инвестирани на пример во хартии од вредност на компании на Балканот или низ целиот свет;
• Не треба висок почетен капитал (минималната уплата е 1.000 денари);
• Можност за флексибилно уплаќање по ваша желба (нема договори);
• Висока транспарентност (секој ден знаете колку е вашиот имот во фондот);
• Висока контрола на работењето. Комисијата за хартии од вредност на Р. Македонија е телото кое ја регулира работата на друштвата за управување со фондови. Потоа тука е и депозитарната банка, како и независни ревизорски куќи.

Ова се најосновните карактеристики на алатките кои ни се достапни на финансискиот пазар во Македонија и истите ни служат како можност за пласирање на нашите пари кои ќе останат непотрошени. Наша цел е да ви помогнеме во донесувањето на одлуката да почнете да штедите, или уште подобро да инвестирате. Изборот е секогаш само ваш. Стравот се јавува како плод на незнаењето, а незнаењето во врска со вашите лични финансии може да ве чини скапо.

Aвтор: Томислав Трајков е овластен соработник на Синергија Плус – Прва Агенција за финансиска писменост во Македонија. За повеќе информации за како помудро со личните финансии посетете го веб порталот на http://www.sinergijaplus.com/

- Sent using Google Toolbar"

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

9 comments:

aleks said...

1.Ова прашање не сум сигурен дека го разбрав... - Доколку акциите паѓаат (инвестициски фондови), можеме да влеземе во загуба, во смисла ги губиме и внесените износи, па дури и да влеземе во минус? (малку поубаво околу ова прашање ве молам)
2.Колку трошоци имаме при уплата во инвестициски фондови?
3.Колку трошоци имаме при уплата/исплата во инвестициски фондови?
4.Пропаѓа ли и нашата полиса доколку пропадне фирмата? За реосигирувањето има закон, но имам сознанија дека практично не функционира...?

Saso said...

1.Ова е Графички приказ на вредноста на уделот во КД БРИК http://www.kd-fondovi.mk/2010-09-05-13-01-18 .Овде можете да видите како се однесувала вредноста на уделот од оформување на фондот до сега.Ќе забележите циклуси на раст и пад.Тоа што ве плаши е ако денес купите удели а утре им падне вредноста дали ќе изгубите? Тоа зависи каква акција ќе преземете. Ако ги продадете уделите со намалена вредност влегувате во загуба што го прават неедуцирани инвеститори или ако научите cost everage стратегија а тоа е упросечување на вредноста на пример денес купите удел за 100ден а утре вредноста падне на 90ден вие купувате повторно за да ја упросечите цената на 95ден.Со оваа стратегија (ве советувам на месечни уплати) си ја осигурувате добивката на долг рок

Saso said...

2. влезните трошкови се 4,9% од инвестираната сума и овој процент се намалува во однос на висината на инвестицијата што ја правите

Saso said...

3.нема излезни трошкови

aleks said...

ova kako sto znam se odnesuvase za investiciski fondovi,a vo inv. fond. znam deka ima interni kriteriumi i tamosnite profesionalci odlucuvaat kade ke se investira?

aleks said...

За 2.ако внесувам 1000 ден. влезните трошкови се наплаќаат од тие, или дополнително се доплаќа?

Saso said...

Токму така, фонд менаџерот одлучува каде да се инвестира. Погледни во структурата на вложување http://www.kd-fondovi.mk/2010-09-05-16-42-51 ке забележите дека во портфолиото на фондот влегуваат компании кои имаат профит поголем од 1 милијарда долари и компании кои во последните пет години редовно даваат дивиденда кои уцествува во зголемување на вредноста на уделот

Saso said...

Има две варијанти на вложување, со еднократни уплати кои во КД Фондови минимално се ограничени на 20.000ден.Пример 20.000 ден+ 4,9% провизија.И програмирани уплати кои ги препорачувам поради стратегијата cost average efect и можноста да сте третирани како голем инвеститор , правите план-на месечни вложувања и го договарате со фондот.Пример план од 300.000ден и договарате месечни вложувања од 2500ден на 120аниунитети +3,9%провизија која ја плаќате при склучување на договорот

Saso said...

Во врска со полисите, фирмата како правно лице може да пропадне . Агенцијата за супервизија на осигурување е регулатор на тој пазар и има механизми кои ги заштитуваат осигурениците. Мислам дека би имале осигурителните компании проблем со несолвентност при случај на големи катастрофи

Post a Comment