Не ми е потребна магија за да успеам


1.Видете што знам.
2.Видете тоа што го знам што може да направи за вас.
3.Што сакам да направите следно

Роберт Киосаки е американски инвеститор, бизнисмен,автор, мотивациски говорник, татко на финансиската писменост . Роберт е познат по книгите ''Богат татко сиромав татко'', ''Кешфлоу квадрант на богатиот татко'' .Овие книги биле бестселери во Њујорк тајмс и Волстрит Журнал. Им помогнал на милиони луѓе во финансиското описменување. Книгите на Роберт ги читам и го следам четири години, филозофијата ја разбирам и сакам да го споделам со вас квадрантот на паричниот тек

Тој вели дека има четири типа на приходи и секој кој има приходи припаѓа во еден од четирите квадранти кои ги поделил на
-квадран В
-квадрант С
-квадрант Б
-квадрант И
*Овој квадрант се нарекува CASHFLOW квадрант (квадрант на паричниот тек) и е заштитена марка на CASHFLOW Technologies


Што значи секој од овие квадранти ?

Во ''квадрантот В'' припаѓаат лугето кои се вработени.Сите кои имаат плата или генерираат приходи работејќи за друг му припаѓаат на '' квадрант В'' . Сите од овој квадрант може да кажат за себе– Јас имам работа

Во ''квадрантот С ''припаѓаат сите оние кои се самовработени или имаат приходи од мал бизнис и заработуваат работејќи сами за себе.Обично се сопственици на мали дуќанчина или трговци поединци. Луѓето кои му припаѓаат на '' квадрантот С '' за себе може да кажат – Сопственик на работа или сопственик на мал бизнис

Во ''квадрантот Б'' припаѓаат Бизнисмените или секој кои генерира приход од големи бизниси каде имаат повеке вработени. Бизнисмените за себе може да кажат дека се– сопственик на систем и вработените работат за мене

Во ''квадрантот И'' припаѓаат Инвеститорите или секој кој има приходи од инвестиции.Прават пари со пари односно вложуваат пари и очекуваат поврат на парите со добивка,. Тие не мора да работат затоа што нивните пари работат за нив.Инвеститорите за себе велат - Парите работат за мене


Што е типично за припадниците за секој од квадрантите?

Припадниците на ''квадрантот В'' вообичаено работат пркувремено, немаат пари и немаат време. Прекувремената работа на луѓето кои припаѓаат на квадрантот В ги изложува на стрес, лоши навики и нередовна исхрана .Во друштво на вработени кај повеќето разговорот помеѓу себе на тема пари ќе речат„мене платата ми трае до петнаести во месецот а друг пак ќе каже мене ми трае до пети во месецот“. Вработените помеѓу себе најчесто кога ќе се сретнат ја користат фразата ''немам време''

Припадниците на ''квадрантот С'' имаат долгови, стресови и немаат време. Луѓето од овој квадрант најчесто влегуваат во долгови зошто заработуваат малку повеке и сметаат дека полесно може да ги вратат ратите, изложени се на стрес поради поголемата ангажираност и ја носат работата дома


Припадниците на ''квадрантот Б'' имаат слободно време, имаат стабилност, работата им е лесна. Бизнисмените, ако не е наследник на бизнис еден дел од работниот век работеле и биле во некој друг квадрант.За тој период создале систем и бизнис вештини .Луѓето веруваат во него и неговиот систем и работат за него. Работата им е лесна се чуствуваат стабилни и имаат слободно време.Филозофијата на бизнисменот е да не работи

Припадниците на ''квадрантот И'' немат долгови, имаат изобилие на пари и имаат слобода. Лугето од ''квадрантот И'' управуваат со ризици. Го прават тоа лесно имаат пристап до информации и инвестираат со разни инвестициски стратегии..Кај нив ''врне пари'' и се господари на сопственото време



Какви приходи генерираат припадниците на квадрантите?

Вработените и самовработените работат за активен приход. Мораат да одат на работа за да заработуваат. Од вкупниот број на луѓе кои имаат приходи во ''квадрантот В'' и ''квадрантот С ''припагаат 95% од луѓето и 5% од приходите.Додека Инвеститорите и бизнисмените имаат пасивен приход.Немораат да одат на работа за да зааботуваат , тоа го прават нивните вработени и нивните пари.Од вкупниот број на луѓе кои имаат приходи во ''квадрантот Б'' и ''квадрантот И'' припаѓаат 5% од луѓето и 95% од приходите


застанете овде и одговорете си на прашањето
Во кој квадрант припаѓам?
Во кој квадрант сакам да бидам?


Ако припаѓате во ''квадрантот В'' и сакате да бидете во ''квадрантот Б'' или ''квадрантот И'' тогаш сте на добар пат. Сметам дека прво треба секој да знае каде е и каде сака да биде. Ако е потребен пат за тоа потребно е да донесе одлука. За одлука која е од битно значење за животот не треба да биде избрзана и не треба да се одовлекува за утре и утре бидејки животот е влечење потези а непријател е времето, ако не повлечете потег времето ќе ве победи. Донесете МУДРА ОДЛУКА.

Можеби ви се гледа дека поминувањето од квадрантите В,С кон квадрантите И,Б ќе ви бидат потребни многу пари , но тоа е погрешно зошто поминувањето е психолошко а не е материјално. На пример за да бидете инвеститор или бизнисмен потребно е да размислувате да дејствувате и да разговарате како инвеститор и бизнисмен. Да имате филозофија стаф или мајнсет на инвеститор или бизнисмен не е возможно тоа да се случи во еден момент.Потребни се од три до пет години работа во градење на филозовија мајнсет стаф или како сакате кажете но е многу битно размислувањето дејствувањето и зборувањето како инвеститор во текот на денот да се зголемува од ден на ден.

Ви велам заменете ги долговите, немањето доволно време, немањето пари и стресовите со слобода, изобилије на пари, стабилност и без долгови со тоа што ќе почнете да размислувате живеете и зборувате како инвеститор и бизнисмен




Тоа што сакам е да го направите првиот чекор на патот од еден квадрант во друг.Ќе ве водам и ќе ви бидам ментор по патот . Го поминувам патот со сите препреки и ќе ви помогнам да го поминете полесно. Една работа открив што е заедничка кај сите бизнисмени,  сите знаат да комуницираат да продаваат и да водат бизнис. Секојдневно ги развивам овие вештини и моето искуство ќе ви го подарам. Заедничкото кај секој инвеститор е го интересира имот и сопствеништво.Купуваат разни форми на имот како удели во инвестициски фонд, акции, недвижнини, злато. Можам да ви помогнам во промена на филозофијата стафот и мајнсетот кон инвеститор со тоа што ќе ве запознам со инвеститори и ќе ве научам како да инвестирате во инвестициски фонд , неговата предност е  не се потребни големи пари но доволни се за промена на филозофијата.

Бидете слободни да ме контактирате и да ми пратите маил на sasogorgijevski@yahoo.com



  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

1 comments:

Unknown said...

О Д Л И Ч Н О!

Post a Comment