Вистинскиот проблем на мрежниот маркетинг

Не се работи за бизнис моделот.
Никогаш не престанувам да се чудам на екстремно поделените мислења кои ги слушам од луѓето за мрежниот маркетинг (МЛМ). Некои луѓе толку многу се залагаат и веруваат во истиот – и не зборувам за било кој, туку за светски познати автори со повеќекратни бестселери од рангот на Robert Kiyosaki и Brian Tracy, но исто така и луѓе од бизнисот, како Donald Trump, луѓе кои овој модел го работат и го препорачуваат на оние кои сакаат да започнат сопствен бизнис. Сепак во многу кругови доволно е да кажеш дека работиш мрежен маркетинг за да се појави некој кој ќе направи асоцијации на истиот со некои непријатни приказни од минатото поврзани со пирамидални шеми и слично и да предизвика да останеш со горчливо чувство во устата.
Тогаш што е вистинскиот проблем на мрежниот маркетинг или МЛМ?
Дали се работи за пирамидалната структура на бизнисот? Не може навистина да се каже дека тоа е така, затоа што исплаќањето на провизии на повеќе нивоа е сосема нормално за системите на работа во сите класични компании. Скоро секоја поголема организација на светско ниво има ваква структура на исплаќање на провизии. Овластените за продажба добиваат процент/провизија, нивните менаџери исто така, и на подеднаков начин генералните менаџери добиваат дополнителни бонуси над сите претходно споменати.
Можеби тогаш се работи за фактот дека нешто мора да се плати за да се учествува во бизнисот?
Но, не е ни тоа, во суштина се работи за стандарден франшизен модел. Кога луѓето плаќаат за да донесат франшиза (бренд + бизнис систем) во Македонија, тогаш е сосема во ред да се плати однапред за да се отвори еден Mac Donald’s, Mango или дури и едно мало пекарче од типот на Fornetti. И дополнително ве уверувам дека доколку ги проверите бројките ќе видите дека било која од цените за започнување бизнис со овие франшизи и други е повеќекратно поголема (х10, х100) од влезот кој ќе го платите за да градите бизнис од мрежниот модел.
Се разбира имало и ќе има и нелегални пирамидални шеми кои го злоупотребуваат овој систем на работа. Ова се шеми каде сите пари се прават од регрутирање на нови членови без притоа да се одвива продажба на било каков продукт или услуга. Сепак фактот е дека брендови како Oriflame, Avon, Zepter, Herbalife и слично работат веќе долги години извонредно успешно на македонскиот пазар. Истите продаваат продукти низ огромни дистрибутерски мрежи на уште поголем број на клиенти кои само ги користат производите, но и не ја работат работата. Би рекол дека овде проблемот е со перспективата на набљудувачот, а не со бизнис моделот или начинот на неговото функционирање во реалноста.
Дали тогаш вистинскиот проблем е асоцијацијата на мрежниот модел (МЛМ) со пирамидални шеми од минатото?
Не, би рекол конечно дека вистинскиот проблем со МЛМ не е самиот МЛМ систем туку некои од луѓето кои истиот систем ги привлекува. Мрежниот маркетинг е едноставно кажано бизнис модел, сфатете го како еден вид на микро франшизирање чија позитивна страна е дека има ефтин влез со можност за извонредна заработувачка за оние кои ќе успеат да го изградат бизнисот.
Но истите овие квалитети го прават привлечен за многу кои НЕ СЕ вистински подготвени да бидат сопственици на бизнис – ниту искуствено ниту карактерно.
Подолу се набројани карактеристикитете на луѓето за кои овој модел би бил привлечен:
- Не им одело добро во нивниот бизнис или професија и имаат малку пари за инвестирање во сопствен бизнис;
- Немаат претходно искуство со сопствеништво или раководење на бизнис;
- Немаат искуство со воспоставување на професионални односи надвор од вообичаените вработен/газда/колега релации;
- Се незадоволни со приходите кои ги имаат во моментот;
- Имаат нереални очекувања за количината на време и работа кои треба да се внесат во бизнисот за да истиот успее;
- Не го имаат доволно добро дефинирано за себе зборот долгорочно.
Да не ме разберете погрешно – не велам дека овие работи се погрешни или мотивацијата на луѓето е лоша за старт на сопствен бизнис, туку едноставно кажувам дека ова важи за поголемиот дел од луѓето кои “се обидуваат“ да го работат мрежниот модел и не се подготвени да се менуваат и растат со цел да успеат во истиот (или во било што во животот).
Како резултат многу networker-и на терен го прават следното:
- Ја претставуваат можноста на начин на кој толку многу ја “продаваат“ што луѓето потоа на улица ги избегнуваат;
- Премногу зборуваат за бизнисот во ситуации кои се неформални по природа;
- Звучат “очајно“ за другата страна;
- Премногу се фокусираат на регрутирање нови членови без доволно да им обрнат внимание на постоечките;
- Полуточно или неточно го претставуваат бизнисот во кој се впуштиле.
Повторно, не велам дека ова ги опишува мнозинството на networker-и, но ги опишува доволен број од истите за им ја наруши репутацијата на сите. Со ова ќе додадам дека да судите некого врз основа на недостатоците на некое малцинство на кое тој/таа не припаѓа не е фер и секако не е мудро за вас доколку се работи за реална можност која може да ви помогне во животот.
Тогаш кое е решението?
За се има прв пат. Има прв пат и за мрежен маркетинг или МЛМ. Вистината во пракса е дека мрежниот маркетинг е огромна и легитимна можност за луѓето да го изградат својот прв бизнис, да научат продажба, менаџмент итн. Главната порака е – препознајте го мрежниот маркетинг за тоа што е: тоа е бизнис, а вие сте сопственик на тој бизнис. И ако никогаш претходно не сте биле сопственик на бизнис и никогаш не сте работеле продажба и не сте го работеле тој фамозен “networking“, треба да научите како се работи тоа и истото да го учите не само од вашиот ментор/спонзор туку и од етаблирани експерти на тоа поле.
Оние кои работат мрежен маркетинг и се сериозни во намерата за градење на сопствениот бизнис би требало да читаат и учат за основите на градење сопствен бизнис, за најновите техники на продажба и маркетинг, стратегии за градење мрежи и развивање бизниси и слично. Не е доволно да си раскажувате искуства со вашиот тим на неделна или месечна база и да се тапкате по рамо или да ги “горите“ вашите контакти без да сте доволно изградени како личност која ќе ги води истите во градење на сопствен бизнис. Не е доволно да бидете прв и да го почнете бранот. Не е доволно ништо освен комплетна свесност дека сте отвориле своја фирма и истата треба да ја водите со умешност на најдобар можен менаџер.
За крај запаметете:
Ако се однесувате како сопственик на мал бизнис, така ќе бидете и третирани.
Aвтор: Коста Мицковски генерален менаџер на Синергија Плус – Прва Агенција за финансиска писменост во Македонија. За повеќе информации за како помудро со личните финансии посетете го веб порталот на http://www.sinergijaplus.com/http://www.statija.mk/archives/1112

превземена статија од www.statija.mk

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

0 comments:

Post a Comment