ЦРВЕНА ПИЛУЛА ИЛИ СИНА ПИЛУЛА


"Земи ја сината пилула,приказната завршува, ќе се разбудиш во твојата постела и ќе веруваш во она што сакаш да верувш.
земи ја црвената пилула,остани во земјата на чудата и јас ќе ти покажам колку е длабока зајачката дупка "-Морфеј

Што овој момент ни кажува

Нео е во потрага
Нео не е задоволен со статусот. Тој знае дека нешто не е во ред, но не е сигурен што е тоа.

Морфеј е водич (ментор)
Морфеј е водич и му кажува на Нео дека се не е како што изгледа. Нео мора да одлучи дали сака да ја знае вистината.

Нео мора да избере
Морфеј му дава на Нео избор:

Црвениот пилулата: Запознајте се со вистината за да откриете колку е длабока зајачка дупка
Сина пилула: Останете во својата сегашна реалност и  разбуди се следното утро верувајќи она што ти сакаш.

Матрицата = Организационата реалност
Нео = транзиција
Морфеј = е тренер

"црвената пилула" значи дека сте се одлучиле да видите  колку зајачката дупка оди,
ќе почнете да одлучувате за себе за концептот правда,пари,чест,праведност,вистината,
и сте подготвени со отворен ум да го видите кодирањето"зад реалноста" ...

"сината пилула" значи  едноставно да ги прифатите работите,
и да престанете да прашувате зошто нема пари зашто нема правда
зашто нема љубов и како истите постојат, и да купувате редовно тоа што ви кажуваат
партиите,владата телевизиите и сите други пропаганди со пораки дека не сте способни
дека светот е во страв

Во есејот напишан од Расел Блекфорд се дискутира за црвените и сините пилули,
прашањето е дали ако некој е целосно информиран тој ќе ја земе црвената пилула,
залагајќи се за реалниот свет и за својот успех.

Во книгата "Уметноста на одлуката", автор Гај Кавасаки ја користи црвената пилула
како аналогија со лидерите на новите организации, во кои тие се соочуваат со истиот избор
или да живеат во реалноста или фантазијата. Тој додава дека доколку некој сака да биде успешен,
треба да ја земе црвената пилула и да види колку е длабока зајачката дупка

забелешка:
црвената пилула е еден вид, кој некој не може дури и да ја најде
сакам повеќе луѓе да почнат да размислуваат за себе, да ги направат своите сопствени одлуки за сè
на некого веќе му ги подадов црвената и плавата пилула

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

2 comments:

алекс said...

Во Македонија особено се зема сината пилула, бидејќи потсвесно сите знаеме за суровата вистина и затоа не сме заинтересирани да ја копаме и опсервираме. За жал... треба храброст, и тоа многу!

Saso said...

Да бидам појасен, ако ја земете црвената пилула со тоа превземате лична одговорност и ја прифакате вистината без розови наочари, гледате каде сте реално во моментот со сите проблеми и незгоди.Менторот ви покажува дека можете да го креирате вашиот свет и да го живеете животот како вие сакате гледајки како матрицата функционира и ја играте нејзината игра. Или ако ја земете плавата пилула вие се плашите од одговорност и ја префрлате личната одговорност во општесвена одговорност односно одлучувате за вашиот живот да одлучува друг, а тој друг е општесвото (матрицата). Матрицата не ти мисли добро, единсвено ја интересира твојата енергија(ти одиш на работа) а од тоа живее и се храни. Алекс во твојот коментар кажуваш дека во Македонија обично ја земаат плавата пилула зошто се плашат да се соочат со суровата реалност и тука си во право. Луѓето се плашат да се соочат со вистината.Еве ќе земам пример: сигурно си слушнал некој ти вели - не одам на доктор се плашам дека ќе ми најде нешто, или пак ти рекол знам девојками ме вара ама подобро е да незнам.Ова се примери каде луѓето отворено кажуваат дека се плашат од вистината.Еве кажи дали е така. Се сетив на моментот кога го живеев животот на вересија како што кажуваше матрицата, ме сретна менторот и ми кажа да се соочам со долгот, ми беше тешко ја земав црвената пилула и ги напишав на еден лист сите долгови, мораше и жена ми да ја вклучам која на почетокот не сакаше да ја види должничката листа(вистината)но се соочивме и сега долгот е скоро победен, ќе му го зададам и последниот удар. Така е со секоја вистина се соочуваш и знаеш каде и што да правиш. Алекс ги имам пилулите во рака, црвената пилула ги зголемува приходите бидејки менторот те учи како, плавата пилула ќе ти даде плата бидејки така сака матрицата

Post a Comment