ЛЕСНИОТ ЖИВОТ ВО СКОПЈЕ

Во еден од нашите форуми сретнав коментари за тоа како се снаоѓаат младите по студирањето во Скопје а се од другите делови од Македонија.Еве некој

"Навистина за да најдеш работа е многу полесно во Скопје, ама па животот не ми се виде полесен. Не можам да се помирам со „ќелиите“ во Капиштец и со тоа дека ми требаат 100000 евра и да се заложам со огромни рати за кредит едно 40 години за да живеам во пристоен стан. Имам многу колеги кои во градовите од каде што доаѓаат имаат „палати“ од неколку ката, а овде живеат во гарсоњери под кирија.
Не можам да се помирам ни со тоа дека кога си одам од работа треба цела фирма да ги поместува колите за да излезам јас, зошто нема доволно место за паркирање. Исто, за да стигнам и да се вратам на работа треба да додадам по еден час и автоматски детето да ми биде 10 часа во градинка, наместо 8."
друга пишува

"не ми беше лесно, тука бев пред се за да учам, а и  со грижа на совест дека мама и тато во услови на стечај и безработица издвоиле пари за да ме студираат,се омажив за скопјанец и тоа беше причината што останав туку."
друга пишува

"значи дека повеќето девојки кои останале и се омажиле тука НАПРАВИЛЕ НЕШТО од себе, успеале да се снајдат во „порите на општеството“ и баш ми е мило за тоа дали е решение"

 Јас сум се запознал со младите  од другите делови од македонија кој се во Скопје тие знаат да се дружат и да си помагаат било да се тоа студенти, работници , професионалци и остануваат тие што сакаат да останат, што се избориле, што сакаат да се борат, и што успеале, зашто  ако било обратно ќе си се врателе назад.
Сите се со различни цели, но сите сакаат убав и достоинсвен живот.Хармонија во животот со многу здравје ,многу љубов и пари ,a за да имате пари потребна е финансиска писменост.
Предизвикот  за убав и достоинствен живот,кога ќе се побара суштината за таа состојба се донесува заклучок дека тоа е слободата

Што е, слобода?
Што е, да  победиш во животот?

Речникот го дефинира зборот слобода како: 1. Не си под контрола или моќта на друг, 2. Не сте оптоварени со обврски, долгови и непријатности, 3. Независност од држава,работодавец, сопруг,дечко, родител, банка.
Со цел да се разбере целосно зборот слобода  треба да се објасни што е "слободен" и "чадор". За да бидете навистина слободни  мора да живеете под чадорот наречен  слобода. А што е чадор? Тоа е закон, или правила. Правила и закони кои владеат во сите области од нашиот живот. Можете ли да замислите возење на автопат  ако не постојат правилата? Истото важи и со секоја област од нашиот живот: физичкиот живот, нашиот духовен живот, нашето ментално здравје, и нашиот финансиски живот. На пример, ако сакаме многу здравје ние треба да живееме во рамките на законите и правила на  здравјето.  Мора да јадете, вежбате, и практикувате здрав начин на живот. Истото се однесува и на вашиот финансиски живот. Ако сакате да бидете финансиски слободни  треба да живеете во рамките на законите и  правила на добри финансиски практики, односно: штедите, трошите мудро, инвестирате итн. Сите луѓе сакаат да бидат слободни, но не сите се подготвени да живеат под чадорот, или законите за да се биде слободен.  Нека мојата дефиниција за  слобода ви биде мотив да си создаде своја дефиниција за   слобода.

Во една кинеска поговорка се вели патот од илјада милји почнува со првиот чекор.Сите кои сте го напуштиле вашиот дом и сте дошле да го живеете "лесниот живот во Скопје" сте го направиле првиот чекор и нема да застенете тука, продолжете го патот и заштитете се со чадорот на финансиска слобода.Читајте книги за лични финансии(ви ја препорачувам книгата "Богат татко сиромав татко од Роберт Киосаки" , googleте на интернет од областа на финансиите,споделете го тоа што ќе го научите со луѓе кои сакаат да научат како да имаат повеќе пари а најмногу ви препорачувам да посетите семинар од областа за лични финансии каде професионалци од областа ќе ви го покажат патот до финансиска слобода и можност да се запознаете и да се дружите со луѓе кои имаат исти цели како твоите и луѓе кој го поминале истиот пат што го одите

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

0 comments:

Post a Comment