Реалниот живот после школување

Сте завршиле средно или високо образование.Се сеќавате на равенките, ги учевте теориите на Алберт Ајнштајн ,верувам сте ги учеле на памет сите точни датуми од лекциите по историја, и сите проекти што сте ги направиле да ви помогнат во школувањето. Сте биле под притисок за оценувањето и на бодирањето на вашите испити. Обично студентите или учениците што учеле повеќе се оние кои поминуваат со добри резултати. Ова не е нова работа . Но  тоа е  нашиот образовен систем

Што откако ќе ја земете дипломата.Секој е заинтересиран да заработи пари. Можеби неколку недели откако сте завршиле со студиите ќе се релаксирате дома. Некако по дифолт да се олади мозокот, Дај му го "одморот што го заслужува". После тоа, ќе се најде некоја работа која нема врска со тоа што сте го учеле и тоа што сакате да го работите но мора да се има приходи да се преживее . Вообичано се почнува со работа во ресторани, бутици, супермаркети .Доаѓа до соочување со тежината и ги прифаќате наредбите,некој мие садови некој ќе стане касиерка итн. Иако работата е тешка,причината  што прв пат одите на работа има тенденција да бидете возбудени зашто за прв пат сте заработиле пари. Подоцна, без некоја причина и стални изговори дека нема подобро..., ќе останете да работите таму целиот живот,а може и да ги менувате работните места (исти работа во два примерока),сте разбрале дека без разлика каде и да работите, барањата и одговорностите се донекаде слични. Вашите работодавците не можат да ви дадат зголемување на платата.

Денес, дипломата не вреди за на крај да разберете  дека сте биле во филмот на вашите родители "сине,ќерко учи! и по можност гледај да ти бидат сите оценки петки за да можеш да се запишеш на добар факултет,а таму да фатиш добар просек за да најдеш добра работа".Работите за среќа (тие што разбрале)не се исти како и во минатиот век. Натпреварот во светот станува посилен и конкурентен  од ден на ден.Мој драг пријател ми рече дека најплатените работи во 2010 година не постоеле пред десет години(го проверив, и во право е).Толку многу се менува начинот на заработување пари што е вистинска глупост да бидете во филмот на вашите родители.

Сега мора да одлучите за себе дали треба да  продолжите да го живеете филмот на вашите родители или да го живеете вашиот филм од вашето време. Да се изборите во животот да заработувате доволно за да ги реализирате своите цели и да ги вкусите убавините во светот.
Што недостасува во реалноста? Во книгата "Заговорот на богатите осумте нови правила на парите" од Роберт Киосаки пишува дека денес има три вида на образование а тоа се

1 Академско образование, во овој тип на образование се оспособувате да читате, пишувате и да решавате основни математички задачи.Но во информатичкото општество многу е побитно да имате способноста да разменувате и користите информациите.

2 Професионално образование,овој тип на образование е местото каде се заработува пари.На пример учите медицина за да станете доктор.Денес има толку многу луѓе со професионално образование и само со овој тип образование е потешко да станете финансиски успешни.Во информатичко општество професионлното образование е битно за да имате сигурна работа

3 Финансиско образование,овој тип на образование е битно за да бидете финансиски слободен и да имате финансиска интелигенција.Финансиската интелигенција е како да ги заштедите,како да ги инвестирате и парите да работат за вас. Да заработувате дополнително користејки ја финансиската интелигенција. Во информатичко општество финансиското образование е битно за финансиска сигурност и секогаш да бидете со пари

Во нашиот систем недостасува финансиското образование, додека академското и професионалното образование го поминале повеќето луѓе. Богатите луге ги поминале трите вида образование додека средната и сиромашната класа првите два типа образование.



 Би заклучил дека по завршувањето на академското образование и ако веќе работите, задолжително е потребно да се фокусирате да се здобиете со финансиско образование и да бидете финансиски интелигентни каде вашите пари ќе работат додека вие спиете.За жал во училиште, дома на улица не можете да се здобиете со финансиско образование.Но за среќа имате интернет и го имате google и на пребарувачот напишете "personal finance" се што е поврзано со лични финансии и како со пари го имате на дланка.Финансиското образование можете да го надградите читајки ги статиите од експертите од истата област на страната http://ezinearticles.com/ на самата страна на пребарувачот запишете "personal finance" ќе ги добиете сите статии поврзани со лични финансии.

За среќа и во Македонија има каде да се здобите со финансиски образование. Во Синергија плус прва агенција за финансиска писменост во Македонија http://www.sinergijaplus.com/ , советувам да ги посетувате семинарите кои се одржуваат во центарот, ќе се запознаете и ќе научите од луѓе кои им е битна и знаат што е финансиска слобода зошто кога луѓето ќе откријат што поседуваат (умот), ќе ја пронајдат силата.Кога луѓето ќе се здружат во нови врски и односи градат суперсила. Кога луѓето заедно ќе бидат продуктивни ,тие ќе ја употребат својата сила за решавање на проблемите и ги реализираат соништа.

Следниот чекор за сите кои сакаат финансиско едуцирање сега,е да резервирате место за бесплатно да го посетите семинарот Како до финансиска слобода? Центар за финансиска писменост - Синергија Плус –Скопје  и пратете меил на sasogorgijevski@yahoo.com 
ќе дознаете три корисни информации:
1.Кој е менталниот склоп на луѓето кои сами се предодредиле за финансиска слобода.
2.Кои се најмодерните финансиски продукти за физички лица во Република Македонија.
3. Дознајте решение кое ќе ви помогне да ги решите следните крупни животни прашања:
Како до сопствен дом?
Како до сопствен бизнис?
Како до сопствена приватна пензија?

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

0 comments:

Post a Comment