Дали парите се навистина важни? и која е улогата на незнаењето во светот на парите?

"Што е најголем проблем во Македонија? Невработеноста, здравството, корупцијата? Меѓутничките односи, падот на производството? Стандардот, извозот? Ништо од тоа. Доаѓаме до еден заеднички заклучок дека општо за сиве овие проблеми е- незнаењето. Нашиот главен национален и државен и граѓански проблем е незнаењето".  Д-р Димитар Мирчев, професор на ФОН

Токму така, незнаењето е штетно и смртоносно. Ако возите автомобил и не знаете каква е состојбата на возилото, треба да очекуваме трагедија. Поради незнаењето, луѓе починаа од ситни болести кои би можеле да се избегнат. Незнаењето е ризично и опасно. Незнаењето не може да биде изговор за неуспехот во животот. Денес има толку многу информации на располагање во сите области на животот, дури времето во кое живееме се вика ера на информации и тоа повеќето информации се бесплатни. Нешто што сакате да го имате веќе некој друг го направил и ги пренесува своите искуства преку  книги, пишување на интернет, ТВ документарци и списанија. Значи незнаењето е избор.

Дали парите се навистина важни?

Улогата на парите во остварувањето на достоен живот е многу важна. Парите се во центарот на сите области од нашиот живот, особено во остварувањето на своите соништа. Без пари целото животно патување станува стресен долг пат. Недостаток на пари може да ги уништи вашите соништа и вашите планови, па дури немањето пари ве обесхрабруваат од добрите напори. Знам дека сте како мене и вие не сакате да бидате во позиција каде ви недостасуваат пари.

Роберт Киосаки авторот на книгата "Богат татко сиромав татко" вели дека луѓето имаат финансиски неуспех, бидејќи  не знаат како со пари. Ако имате кредити и сте во долгови, недостатокот на пари и незнаењето како се управува со пари може да го уништи вашиот успех во сите области на животот. Парите можат да ги уништат вашите соништа, да го уништат бракот, дури вашите односи со други луѓе. 

Луѓето со слабо разбирање како се управува со пари се принудени да ги поминат најубавите  години од својот живот работејки напорно за да преживеат, повеќето се соочуваат со  долгови и се обидуваат тешко да  заработат за животот наместо да си ги исполни своите соништа. Парите се многу важни, го пишува и во книгата  Проповедник  "Парите се одговор на сите нешта". (Проповедник 10:19) Значи да имате  доволно пари е од клучно значење да ви помогне да ги постигнете вашите цели. Немањето пари е резултат на лошо планирање и игнорирање на клучните закони на парите:
 
1. Да не го живеете животот над вашите можности и приходи односно "испружи ги нозете колку ти е долга чергата"
 
2. Заштеди најмалку 10 % од своите приходи.
  
3. Давање пари, како семе, очекувајќи поврат (Законот за сеењето и жетвата).Односно заштедата од 10% од своите приходи да се инвестира

Кога овие закони на парите се игнорираат, не постои сомневање дека порано или подоцна еден ден ќе се најдете  во финансиски дупка, не можејќи да го живеете животот од вашите соништа.Научи ги законите на парите и даонладирај ја бесплатно книгата...finansiski preporod  и проверете  во Македонија кој може да ви помогне во областа на личните финансии http://www.sinergijaplus.com/ и направете конкретни чекори за постигнување на финансиска слобода

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

1 comments:

aleks said...

Кога Коста на предавања го спомна ова со чергата го поправив: „Испружи ги нозете колку ти е долга чергата-или доплети ја“. :)

Post a Comment