ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВАМ ЗА ДА БИДАМ ГУБИТНИК

Што треба да направам за да бидам губитник?

Добро е да знаете што треба да направите за да бидете губитник , 1) Ако сите се на врвот можете да го направите спротивното и да бидете доле  и 2) Можете да практикувате листа на работи кои те прават губитник.

Го слушав Џим Рон на еден семинар кој вели (цитат) "Ако сакаш да си неуспешен не оди на семинари. Еден ден ми пријде еден дечко и ме праша Џим, може ли да поминам еден ден со тебе а јас со мојот бележник да забележам како си поминувате со семејството.Што правите? Што читате? Што јадете? Со каков тип на луѓе се дружите? Што правите во вашето слободно време? Што ТВ програми гледате, какви весници и радио програми користите и јас му велам  ако сакаш да бидеш неуспешен  тие информации ќе ти бидат корисни ако го правиш обратното а тоа е одлична стратегија."

Еве некои губитнички совети

-Живејте го животот од ден за ден. Не мачете се  со поставување на цели, да правите планови и сл. Кога ќе се  разбудите наутро ќе дознаете што сакате да  направите за тој ден

-Барајте си удобност и комфорт. Растот и напредокот бараат работа, стрес и борба. Заборавете на тоа. Останете во комфорната зона.

-Не веруваjте во ништо.  Полесно е да сте циничен. Ако верувате во нешто тогаш ќе морате да направите нешто и тогаш вие носите одговорност.

-Спијте повеќе, ако станете во раните утрински часови ќе треба да завршите некоја работа.

-Не дозволувајте да се грижите за другите . Семејството, пријателите и односите со другите луѓе  бараат напор, жртва, и треба да работите и слушате за она што не сакате да го правите.

-Ако некој ве покани на семинар не прифаќајте. На семинар одат луѓе кои сакаат да направат повеќе во животот и тоа бара акција и се презема одговорност,подобро е да останете дома и да грицкате пред ТВ

-Не прифаќајте  други мислења. Твојот поглед и твоето мислење треба да бидат заштитени во секој случај.  Докажи дека секогаш си во право.

-Заштитете се себе си од другите . Чувајте го вашето срце, не верувајте во никого. Ако им ја дадете љубовта на некој тие може и да ве повредат. Направете ѕид околу срцето.

-Очекувајте да изгубите се. Ако сте  очекувале да изгубите се потоа не можете да бидете разочарани нели? Не ризикувајте себе си да се ставите  во ситуација на големи очекувања. Тие што очекуваат да победат си создаваат притисок а тоа ве тера да се соочите со самосомневање, гнев и напнатост.

-најдете двајца или тројца губитници и поминете некое време со нив. Дознајте што емисии гледаат на ТВ, какви  радио програми  слушаат. Дознајте каде одат на вечера и што јадат. Со кого го поминуваат времето? За што зборуваат ? Што списанија, книги, блогови и весници читаат? Дознајте што тие мислат за себеси за нашата сегашната економија, за нашата влада и нашата иднина. Прашајте ги како тие ги третираат нивните пријатели. Дознајте што мислат за своите соработници.

Ако  не  практикувате нешто од споменатово и го правите спротивното тогаш вие се плеткате во вашиот живот. Ако го правите спротивното  вие нема да бидете губитник туку победник. Да, победник! А Тоа се оние луѓе кои се малцинсво во нашето општество, а зашто би го правиле спротивното  од овие губитнички совети?

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

2 comments:

Saso said...

Уште еден губитнички совет, леле сите одат таму некаде подобро е и јас да бидам таму :)

egw said...

ahhhh...sakam da zapomnam se od ova sto e spomnato.....i da go primenuvam.....

Post a Comment